КАФЕ ПАУЗА

Народни верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година

Народни верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година

Долгата традиција на славење Нова година донесе и многу суеверија, а некои сè уште постојат и денес. Старите луѓе верувале дека дури и ветерот може да биде добар навестувач за тоа каква ќе биде следната година. Значи, ако воопшто нема ветер или ветрот дува од југ – тоа значи дека следната година ќе биде добра и плодородна. Од друга страна, ако ветрот дува од исток, годината ќе биде лоша и исполнета со многу проблеми.rnrnНародни верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата годинаrnrnПовеќето верувања се за работи што не смееме да ги правиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во наредната година.rnrnЕдно верување на кое му се придава голема важност се однесува на емоционалните односи со блиските луѓе. Имено, не треба да заборавите да им ја честитате Новата година, во спротивно ќе се оддалечите од нив во наредната година.rnrnФинансиската стабилност е една од работите кон кои се стреми секој од нас, затоа постои силна верба дека не треба да се позајмуваат пари на 31-ви декември и 1-ви јануари, бидејќи таквиот почеток на годината предвидува уште дванаесет месеци соочување со материјални проблеми.rnrnНе треба да изнесувате ништо од куќата на 1-ви јануари – вели едно уверување, па уште се верува и дека не треба да го исфрлате ѓубрето од вашата куќа на овој ден. Колку и да звучи лудо, ова правило е флексибилно и некои луѓе сметаат дека е во ред да изнесат некои работи на 1-ви јануари ако нешто претходно се внесе во куќата.rnrnПостојат некои луѓе кои сметаат дека не е добро ниту теписите да се истресат тој ден.rnrnЕдно друго верување е и со сексистички тон, а во него се вели дека првиот човек кој го преминал прагот по полноќ не треба да биде жена затоа што некогаш се сметало дека жените носат несреќа.rnrnИсто така, некогаш се сметало дека првиот што влегува во куќата во Новата година не треба да биде со руса или црвена коса. Се разбира, тоа не значи дека треба да ги избркате роднините со руса или црвена коса, добриот пријател или партнерот кој влегува во куќата.rnrnИако постои верување дека треба малку и да поработите тој ден, сепак тоа треба да биде умерено.rnrnСуеверието вели дека не е добро да склучувате големи зделки на 1-ви јануари. Не треба да започнете некој голем проект на овој ден, бидејќи тој нема да биде просперитетен, туку напротив – ќе биде осуден на неуспех.rnrnПостои и верување дека на кој било верски празник не треба да ги извршувате ниту домашните обврски. Истото верување важи и за Новата година, а луѓето сметаат дека на овој ден не треба да ги миете ниту садовите.rnrnАко нешто ви се скрши на Нова година, тоа исто така, е многу лош знак. Затоа, бидете внимателни.rnrnДајте сè од себе за да имате добро расположение, затоа што постои верба дека тие емоции што ќе ги имате на 1-ви јануари ќе ве следат во текот на целата година.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те интересни божиќни традиции ширум светот.