Денес Марс и Сатурн стапуваат во конјункција. Нивната енергија можевме да ја почувствуваме уште изминатите денови, а таа ќе го достигне својот врв следниот вторник.rnrn
rnrnСатурн е планетата на одговорноста, растењето, должноста и кармата. Нè приземјува и нè тера да се соочиме со реалноста. Марс, од друга страна, нè поттикнува на акција, додека Сатурн ја запира неговата избувливост и разговара со него полека и внимателно.rnrnНе брзајте, имате време бидејќи ништо нема да ви избега.rnrnКога овие две енергии ќе се спојат, можете да добиете впечаток дека сте „растргнати“ помеѓу желбата да ги направите работите веднаш или полека, сега или да чекате.rnrnЌе се обидете докрај или ќе се откажете од сè? Само доколку се обидете, ќе го дознаете одговорот. Ако наидете на пречки, застанете за момент, анализирајте и по некое време обидете се повторно.rnrnПонекогаш, неопходно е да се воспостави рамнотежа помеѓу реалното и внатрешниот импулс кој ве тера напред.rnrnГолема е веројатноста дека деновиве се соочувате со важен предизвик, без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот. За да ја донесете вистинската одлука, запрашајте се себеси што ви е важно во моментот, што сакате да постигнете и на кој начин. Потребен ви е јасен и прецизен план.rnrnПоседувате доволно дисциплина, трпение и издржливост. Од друга страна, вашата одлука може да доведе до конфликти и да наиде на неочекувани проблеми, но тоа се само предизвици со кои морате да се справите.rnrnТокму тие понекогаш можат да бидат пресвртница поради која сфаќате дека ништо не може да биде постојано исто и дека треба да најдете нови начини на дејствување при што ќе покажете повеќе трпение, одговорност и верба во самиот процес.rnrnОткако прочитавте како ќе ни се одрази конјункцијата на Марс и Сатурн, можеби ќе сакате да прочитате и за кои хороскопски знаци започнува нов живот од 1 април.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Марс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт!
