Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми, би било паметно да ја збогатите вашата кујна со следната храна. За овој процес не ви е потребен посебен напор, доволно е да имате само волја.rnrn
rn
Вода
rnВодата не е храна, но пиењето вода ви помага да не ги помешате жедта и гладот. Ако пиете ладна вода, таа може да го забрза вашиот метаболизам. Можете исто така да направите природна ароматизирана вода – вметнете сезонско овошје или лековити билки.rn
Чоколадо
rnРедовното консумирање темно чоколадо ви помага да не се прејадувате кога ќе чувствувате потреба за благо. Но, тоа не значи дека треба да јадете само чоколадо цел ден секогаш кога ќе имате желба за благо. Препорачаната дневна доза е само 30 грама темно чоколадо кое содржи најмалку 75 % какао.rn
Малини
rnМалините ќе ви помогнат да се чувствувате сити многу подолго. Тие содржат диетални влакна и многу вода (дури 85 %), така што не треба да се плашите од дехидрација за време на топлите летни денови.rn
Јајца
rnАко обично појадувате јаглехидрати за појадок, пробајте протеини. Јајцата го зголемуваат чувството на ситост и на тој начин го намалувате вкупниот внес на енергија. Жените кои консумираат повеќе протеини за појадок, се чувствуваат сити и поретко паѓаат во искушение да посегнат по нездрава ужина. Всушност, појадокот што содржи многу протеини може да ве спречи да внесете 200 дополнителни калории навечер.rn
Спанаќ
rnСекогаш можете да јадете многу зеленчук бидејќи не содржи многу калории. Спанаќот е особено добар затоа што неговата содржина на железо помага во одржување на нивото на енергија во организмот овозможувајќи ви да се одлучите за подобар избор на храна. Железото е исто така неопходно за да се транспортира кислородот до клетките што го користат за производство на енергија и за топење на маснотиите. За да ја зголемите апсорпцијата на железо во организмот, комбинирајте го со природен витамин Ц.rn
Кисели краставички
rnТие се одлични затоа што ја задоволуваат потребата за крцкава и солена храна и содржат многу малку калории.rnrnОвие три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот.