КАФЕ ПАУЗА

Видови храна кои ја спречуваат појавата на брчките (вклучено е и чоколадо!)

Сигурно повеќе пати сте го слушнале изразот „вие сте она што го јадете“. Па, ова е многу точно, особено кога е во прашање вашата кожа, на којашто во голема мера влијаат хранливите материи кои ги добива вашето тело во форма на храна или пијалаци. Така, подобрувањето на вашата исхрана со вклучување здрави компоненти, ќе резултира со здрава и убава кожа. Покрај ова, со јадење соодветна храна, вие ќе можете да ги одложите знаците на стареење. Погледнете во продолжение која здрава, а и вкусна храна може да ви помогне во борбата со брчките и другите знаци на стареење.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

1. Авокадо

rnАвокадото може ви помогне да добиете здрава и убава кожа. Ова овошје е богато со витамин Е, витамин Ц и Б-комплекс, а вашата кожа ќе ја направи мека, мазна и еластична.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

2. Зелен чај

rnПокрај тоа што ќе ви помогне во губењето на телесната тежина, редовното пиење зелен чај исто така ќе ја одложи и појавата на брчки на лицето и на вратот. Тој содржи катехини, соединенија кои се богати со антиоксиданси и нудат голем број здравствени придобивки. За ефективни резултати, оставете ја кесичката чај подолго време да стои во жешка вода, а потоа испијте ја течноста.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

3. Соја

rnСојата е богата со протеини, аминокиселини и може да ви помогне во одржувањето на еластичноста на кожата и да ја спречи појавата на брчки.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

4. Боровинки

rnБоровинките содржат високо ниво антоцијани кои помагаат при чистење на слободните радикали и неутрализирање на ензимите кои ги уништуваат сврзните ткива. Боровинките исто така изобилуваат со витамин Е, кој е исклучително добар за кожата.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

5. Моркови

rnСите знаете дека морковите се добри за очите, но малкумина знаат дека тие се исто така добри и за кожата. Морковите се еден од најдобрите извори на бета-каротен и ја штитат кожата од штетните УВ зраци на сонцето. Тие исто така содржат витамин Ц и други хранливи состојки кои резултираат со здрава и убава кожа.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

6. Домати

rnДоматите се убави да ги јадете доколку сакате блескава кожа без брчки. Тие содржат неколку компоненти кои придонесуваат да имате сјај на вашето лице, а едно такво соединение е ликопенот кој помага во неутрализирање на штетните ефекти на УВ зраците. Доматите исто така содржат и витамин Ц и бета-каротен, кои помагаат за подмладување на кожата.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

7. Чоколадо

rnКакаото ја хидрира кожата, а исто така ја прави и цврста и еластична. Препорачливо е да се јаде темно чоколадо, бидејќи содржи голема количина флавоноиди. Дали сте знаеле дека вашата омилена храна исто така може да биде многу корисна? Па, вистина е! Чоколадото помага во намалување на подуеноста на кожата и ѝ дава убав сјај.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rn

8. Ореви, лешници и бадеми

rnТие се одлични за вашата кожа бидејќи содржат есенцијални масни киселини и витамин Е кои ја хидрираат кожата и ја штитат од воспаленија.rnrnВидови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)rnrnЗа да видите уште видови храна кои се пријатели на вашата кожа, продолжете на наредната страница…rn