КАФЕ ПАУЗА

Вежби против ‘рчење: Зајакнете ги мускулите во грлото и ослободете ги дишните патишта

Written by

in

,

Имате проблеми со ‘рчењето? Тоа може да го наруши квалитетот на вашиот сон, бидејќи доаѓа до стеснување на дишните патишта поради несоодветна позиција за време на спиењето. Покрај вашиот сон, рчењето влијае и на сонот на најблиските и сигурно веќе знаете дека воопшто не е пријатно кога тие ви велат дека повторно не спиеле поради вас. Но не грижете се – постои решение!rnrnrnrnПробајте да ги правите овие специфични движења со јазикот со цел да ги зајакнете мускулите на дишните патишта и да овозможите подобар проток на воздух. И секако, не заборавајте да избегнувате спиење на грб бидејќи во таа позиција мекото ткиво се повлекува и смета при дишењето.rnrnОтворете ја устата, па поместете ја долната вилица кон десно и кратко задржете ја во таа позиција. Повторете пак, само на другата страна.rnrnИзговарајте ги гласно сите самогласки, по ред – А, Е, И, О, У околу три минути. Повторувајте го ова неколкупати во текот на денот.rnrnПоставете го врвот на јазикот зад горните предни заби и повлечете го наназад. Останете во таа положба 30 секунди, па вратете назад. И оваа вежба повторувајте ја околу три минути, неколкупати дневно.rnrnЖените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?