https://kafepauza.mk/zivot/dokolku-vasheto-mileniche-go-pravi-ova-vednash-odnesete-go-na-veterinar/Секој сопственик на домашно милениче ќе ви каже дека неговиот миленик е многу повеќе од тоа. Колкави и да се, каква и да е нивната исхрана и желбата за шетање, милениците постануваат членови на семејството. Затоа, кога губиме милениче, чувствуваме како да сме се збогувале со член на семејството. Но, треба да имаме на ум дека и нему му е потребно нашето присуство, поддршка и грижа во тие последни моменти од животот.rnrn
rnrnНиедно милениче не треба да страда од осаменост во најтешките времиња од својот живот. Затоа, сите оние кои чуваат миленик треба да го прочитаат ова.rnrnИма два вида луѓе: оние кои сакаат да бидат внатре со своето милениче кога го лекуваат или трајно го заспиваат на ветеринар и оние кои не сакаат. И едните и другите си имаат причини. Текстов е за оние вторите.rnrnЕден ветеринар го споделил на Фејсбук својот цврст став за она што треба да се направи во ваквите ситуации. Неговиот пост набрзо стана вирален. Тој нè потсетува на едно едноставно нешто – кога воведуваме милениче во нашиот живот, мора да бидеме свесни дека еден ден тоа ќе почине. Да, тоа ќе биде многу тажен настан, тоа не е спорно. Но, мора да бидеме тука за него до самиот крај. Не треба да ги напуштаме нашите миленици кога сме им потребни.rn
„Не дозволувајте преминот од животот кон смртта да им биде во соба полна со непознати луѓе на место што нив не им се допаѓа. Тие ве бараат вас кога ги оставате и си заминувате.“
rn
rnrnНајлесниот начин да разберете што вашето милениче чувствува во овој момент е да се обидете да се ставите себеси на негово место. Кога ќе го направите тоа, ќе сфатите дека „тие не разбираат зошто сте ги оставиле кога се болни, стари или умираат од рак“. Нив им е потребна утеха и вие треба да им го обезбедите тоа.rnrnСпоред личното искуство на овој ветеринар, кога миленичето е пред својата смрт, единственото нешто што тоа го бара е неговиот сопственик. Ова е многу логично и очекувано. Секој би се чувствувал така. И ние луѓето ги бараме блиските и саканите во моментите на тага, болка и страдање.rnrnД-р Еван Шо има евтанизирано многу миленичиња во текот на неговата ветеринарна пракса. Еве што тој вели на оваа тема:rn
„Имам многу клиенти кои повторно се враќаат и така дознав дека луѓето кои не се присутни на самиот крај од животот на нивното милениче сметаат дека тоа е една од работите за кои најмногу жалат во некој подоцнежен период.rnrnСосема ми е јасно дека е многу тешко, но смртта е дел од животот и треба да се искуси преку процес на тагување“
rnПа, откако го прочитавте ова, размислете два пати пред да го оставите вашето милениче само во соба полна со непознати луѓе и предмети кога тоа ги има последните воздишки. Нашето последно влијание врз животот на нашето милениче треба да биде позитивно. Не оставајте ги само со нивниот доктор, кој ќе биде оној кој ќе им го заврши животот.rnrnДржете ги за шепата за последен пат во моментите на болка и страв. Љубете ги и ценете ги сè до последниот момент.rnrnТагувањето за вашето милениче е нормално. Ако некој од вашите роднини или пријатели мисли поинаку, тоа е нивно мислење. Истражувањата потврдуваат дека за голем број луѓе губењето миленик е споредливо со губење на сакана личност.rnrnЧувањето милениче е голема задоволство, но и голема обврска. Треба да бидете спремни на двете.rnrnА доколку вашето домашно милениче го прави ова, веднаш однесете го на ветеринар!