Психологот Глен Вилсон го набљудувал говорот на телото на околу 500 лица додека пиеле и ги поделил во 8 различни групи според карактерот. Тој напоменува дека ова истражување може на сите да им помогне да си го поправат првиот впечаток:rnrn
„Прилагодувајќи го сопствениот говор на телото можеме да оставиме впечаток дека сме потопли и посимпатични личности, односно личности какви што сакаме да бидеме.“
rn
Кокетки
rnОваа категорија ја сочинуваат главно жени кои чашата ја држат шармантно испреплетувајќи ги прстите околу неа. Многу често таквите личности нежно поминуваат со врвовите на прстите по работ на чашата. Ако забележат дека имаат обожавател кој ги набљудува, ќе ја продолжат играта така што ќе отпијат мала голтка гледајќи ја „метата“ преку работ на чашата.rnrn
rn
Озборувачки
rnПовторно, ова се воглавно жени. Обично се во мали групи со своите пријателки и непрестајно брбљаат. Претежно критички. Таквите жени се служат со чашата за да им помогне во гестикулациите и изнесувањето на своето мислење, па постојано ја префрлаат од едната во другата рака или го менуваат држењето, со цел да го нагласат она што го кажуваат. На личностите кои се склони на озборување многу тешко е да им пријдете бидејќи се веќе дел од група чие друштво им одговара, па се затворени за други.rn
Забавни љубовници
rnОваа група може да се состои и од мажи и од жени кои паѓаат во очи заради својата опуштеност. За нив ќе забележите дека сакаат да се смеат. Тие претежно држат шише, а не чаша. На опуштен начин секако. Голтките им се кратки бидејќи не сакаат да губат скапоцено време кое можат да го посветат на комуникација. Сакаат да разговараат со што повеќе луѓе, така што многу е лесно да им се пристапи. Најдобро директно, со добра шега или занимлива тема.rnrn
rn
Срамежливи личности
rnОбично срамежливите личности ја држат чашата многу заштитнички и не ја испуштаат, како да им е страв да не им падне. Нив тешко можете да ги забележите бидејќи секогаш се скриени во некој ќош. Чашата им служи за да не се чувствуваат осамено, а таквите личности никогаш не ја пијат пијачката до крај. Потсвесно тоа го прават бидејќи што побрзо сакаат да побегнат од местото каде што се наоѓаат. Бидејќи не се љубители на комуникација со непознати личности, многу е тешко да им пријдете, но не и невозможно. Битно е пристапот да биде ненаметлив и сензитивен.rn
Ледени кралици
rnЛичностите кои спаѓаат во оваа категорија имаат ладен и одбранбен став. Обично се жени. Чашата ја држат цврсто, опфаќајќи го со прстите телото на чашата. Таквиот начин на држење на чашата, но и целокупниот настап на овие личности јасно им порачува на другите дека не сакаат да им пријдете, па во случај да не го сфатите сигналот, тоа веројатно би било само губење време.rnrn
rn
Плејбои
rnОвие момци се активни и самоуверени, тип Казанова заводници. Тие се шармантни, живи и цврсти, и на таков начин ја држат и чашата – цврсто, но не премногу. Нив не треба да им приоѓате бидејќи тие се тие кои приоѓаат и тоа на оние девојки кои тие ќе ги одберат.rn
Умислени личности
rnОбично пијат пиво во шише или нешто жестоко во чаша. Тоа се луѓе кои се прават важни, а така ја држат и својата чаша – на некој невнимателен начин, како да ќе им се испушти од рака во секој момент. Вербално не се изразуваат многу, но со телото даваат до знаење дека се доминантни и дека им треба повеќе простор одошто на другите луѓе, па затоа го заземаат максимално. Ако пијат со пријателите, веројатно нема да успеете во обидот да им пријдете.rnrn
rn
Напорни луѓе
rnВо оваа категорија се сместени оние личности кои настаните ги користат за да ги малтретираат другите. Не престануваат да зборуваат, а настапот им е агресивен. За да привлечат внимание на себе, обично држат големи чаши или шише, а со нив гестикулираат на агресивен начин. Секогаш се гласни, а најчесто им приговараат на другите. Сакате ли воопшто да им пријдете?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.