КАФЕ ПАУЗА

Вашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начин

Вашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начин

Written by

in

,

Не се сите надежи изгубени ако вашето омилено парче облека се стесни при перењето. Не е толку тешко да ја вратите вашата облека во својата оригинална големина.rnrnВашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начинrn

Како да го сторите тоа?

rnСите знаеме дека нашата облека може да се собере при перењето, а знаеме и како да го избегнеме тоа, но што ако сепак ни се случи нешто такво?rnrnПотрошивте многу за да ги купите вашите омилени фармерки и сега не ви се точни? Не може баш да ги вратите во првобитната состојба, но може да ги раширите за да ви бидат повторно точни. Па, еве како да го направите тоа со секаков тип на материјал.rn

Како да ја раширите памучната облека?

rnПамукот е можеби најлесниот материјал што може лесно да се поправи, бидејќи овој тип ткаенина е лесен за одржување. Сè што ви треба е шампон за бебиња или мек балсам, млака вода, пешкир и сад за перење. Ставете ја облеката во садот и дополнете го со млака вода додавајќи две лажици од вашиот шампон или балсам. Потоа, оставете шампонот да се впие во ткаенината, околу 30 минути. Следно што треба да направите е да ја исплакнете облеката, но и не мора го сторите тоа. Без оглед на тоа дали ќе изберете да ја исплакнете или не, следен чекор е да ја исушите облеката што е можно подобро. Лесен начин да го направите тоа е со поставување на облеката врз пешкир во кој треба да ја завиткате уште додека е влажна. Потоа, внимателно одмотајте ја облеката и закачете ја да се исуши. Оптегнете ги рабовите или со помош на тежок предмет растегнете го материјалот за време на процесот на сушење. И ете! Вашата омилена памучна маица ви е повторно точна. Памучната облека, исто така, е лесна за пеглање. Треба само да научите како да ја одржувате на вистинскиот начин.rnrnВашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начинrn

Како да се справите со истуткан кашмир и други материјали од животински влакна?

rnПроцесот на „олабавување“ на кашмирот (и другите материјали од животински влакна) е доста сличен со процесот на раширување памук. Прво, наполнете го мијалникот со млака вода. Потоа во водата додадете 1-2 лажици боракс или оцет (на секои 250 мл вода). Ставете ја облеката во мијалникот и оставете ја да кисне 30 минути, но повремено растегнувајте го материјалот под водата. Откако тој добро ќе се натопи, исцедете ја облеката. Завиткајте ја во пешкир, а потоа повторно, одвиткајте ја и растегнете го материјалот што е можно повеќе во текот на овој процес. Потоа, закачете ја облеката да се исуши.rn

Како да ги раширите синтетичките материјали?

rnКако да се справите со материјалите како полиестер и вискоза? Постапката е слична со таа наменета за памучните материјали. Додајте 1 лажица шампон / балсам (на секои 250 мл вода) во садот наполнет со млака вода. Синтетичките влакна бараат киснење од само 15-20 минути. Потоа, поради чувствителноста на материјалот, проверете дали ткаенината е доволно натопена. Откако добро ќе се накисне, исцедете ја од водата и додека е сè уште влажна, започнете со нежниот процес на растегнување.rnrnНе заборавајте правилно да ја одржувате вашата нежна облека за да го зачувате нејзиниот квалитет.rn

Како да ги раширите вашите стеснети фармерки?

rnФармерките се сосема друга приказна. Тие обично не се стеснуваат, но кога при перењето се мешаат со други материјали, тоа е можно. Постојат два начина на раширување фармерки. Првиот ве вклучува и вас. Треба да поседите во када со млака вода 15 минути додека ги носите фармерките, а потоа да прошетате, седнувајќи и движејќи се периодично најмалку еден час. На тој начин ќе ја вратите нивната првобитна величина. Но, ако таквиот начин ви е непријатен, тогаш може едноставно да го користите истиот метод на раширување како кај памучните материјали.rnrnМожеби исто така сакате да дознаете дали ја правите и вие истата грешка? На овие ткаенини никако не треба да им додавате омекнувач.