Одбирањето добра ужина, некогаш навистина може да претставува голем проблем. Закуската треба истовремено да ве засити за да може вашето тело нормално да функционира, да не ви го распие главниот оброк и што е најважно, да биде вкусна.
Еве неколку примери за квалитетна ужина, која ќе ги задоволи критериумите на сите, а со сигурност ќе ви помогне да го избегнете ризикот за некое непосакувано кило плус.rn
Јаболко и путер од кикирики
rnКомбинацијата од овие две нешта содржи голем број белковини, влакна и маснотии, па така едно јаболко со просечна големина и неколку лажички путер од кикирики навистина би ве заситиле. Бидејќи оваа ужина бара малку повеќе џвакање, мозокот си дава автосугестија дека организмот внесува поголема количина храна.
rn
Овошен јогурт
rnОвошниот јогурт е секогаш победник. Тој ќе зафати повеќе простор во вашиот желудник, а и ќе му треба подолго време за да се свари. Одберете вкус според вашиот критериум и уживајте на вашата пауза.
rn
Лубеница
rnТаа има малку повеќе калории од некои други овошја што можете да ги консумирате, но има предност бидејќи е полна со вода, па така вашиот стомак ќе биде полн, а вие сити.
rn
Протеинска штангла
rnПротеинските штангли всушност имаат сѐ што ви е потребно за да ве заситат. Богати се со белковини и масти, а во маркетите имате голем избор од нив. Сепак, пред да изедете поголема количина, бидете внимателни и прочитајте на обвивката колку калории содржат.
rn
Пуканки
rnДефинитивно одлична закуска, која понекогаш би била и добра замена за вашата вечера. Волуменски, пуканките зафаќаат поголем простор, а се богати и со белковини.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

