КАФЕ ПАУЗА

Утрински навики кои ќе ви помогнат да го започнете денот на вистинскиот начин

Written by

in

,

Сигурно веќе имате свои утрински ритуали и навики, но можеби можете да ги унапредите, особено ако сте се навикнале секогаш да брзате и да доцните, а самиот ден да ви започнува со стрес и грижа дали ќе успеете ги завршите сите обврски. Еве како да го започнете денот како смирена и добро организирана личност.rnrnrn

1. Станете порано

rnНаместо да се обидувате наутро во рок од четириесетина минути или еден час да испиете кафе, да појадувате, да се погрижите за вашата хигиена, да се облечете и да излезете од домот со мислата дали сте заборавиле нешто, едноставно станете порано и обезбедете си два часа за подготовка. Секако, ако сте заминале на спиење доцна и малку сте спиеле, раното станување е голем предизвик (често мачење), но реално, 3 часа сон не прават некоја голема разлика во однос на 4, а и вака секое време за станување претпладне ќе ви биде прерано. Затоа станете порано, иако сте ненаспани и на мир испијте кафе и чај, разгледајте ги плановите за денот кој е пред вас, вежбајте 15 минути, истуширајте се, подгответе се, и пристигнете на работното место на време. Така ќе имате многу повеќе енергија и ќе бидете во подобра ментална состојба и расположение, отколку да сте спиеле подолго, а потоа да трчате во страв да не задоцните.rn

2. Започнете го денот со насмевка

rnШто сакате да видите прво или на што сакате да помислите кога ќе станите наутро? Ако имате домашен миленик, тоа сигурно ќе биде тој и тоа дефинитивно ќе ви обезбеди насмеан почеток на денот. Порака од саканата личност, пријатно сеќавање на убавите моменти кои неодамна сте ги поминале заедно, мирис на кафе, сончево утро – има многу работи кои наутро може да ви измамат насмевка, но и ако нема, создадете ги сами. Помислете на нешто во кое уживате, кое ве радува и ве исполнува и смејте се. Почувствувајте благодарност што влегувате во уште еден нов ден и што имате прилика во него да бидете најдобрата верзија од себе.rn

3. Наместете го креветот

rnТоа можете да го направите за 1 минута, дури и пред да се измиете и да сварите кафе. Навиката за местење на креветот не е само практична, туку е и психолошко поттикнување, бидејќи тоа ќе ви биде првата дневна задача што веќе успешно сте ја завршиле, а само што сте се разбудиле. Местењето на креветот симболично го завршува сонот и влегувате во будноста, пасивниот дел го заменувате со активен, а тоа, исто така, е љубов кон својата удобност и опуштање. Наместениот кревет чека повторно да го разместите навечер и да се предадете на уживањето и заслужениот одмор. Оние кои спијат попладне, обично го прават тоа на некој друг лежај, или на наместен кревет, па така практично и психолошки го одвојуваат попладневниот одмор од ноќниот.rnrn2-utrinski-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-go-zapochnete-denot-na-vistinski-nachin-www.kafepauza.mk_rn

4. Кога ги миете забите, измијте го и јазикот

rnОва многумина не го прават, а тоа е доста корисна навика. Отстранувањето на наслагите од јазикот обезбедува свеж здив, но и други предности: поголемиот дел од бактериите од кои доаѓа лошиот здив се наоѓаат на јазикот, а нивното отстранување спречува да навлезат во вашиот организам. Исто така, подобро ќе го чувствувате вкусот, бидејќи рецепторите ќе бидат исчистени од слузта, а чистењето на јазикот ги чува и вашите заби од бактериите.rn

5. Испијте чаша топла вода со лимон

rnОсвен општото добро од витаминот Ц, млаката вода со лимон ја стимулира работата на црниот дроб и бубрезите, го регулира вишокот на киселост во организмот и делува како моќен антиоксиданс.rn

6. Вежбајте

rnНаправете неколку едноставни вежби за истегнување, заедно со 20 стомачни, и вашето тело е подготвено да излезе на крај со предизвиците од напорниот работен ден.rn

7. Направете нешто креативно

rnОва е совет кој можеби не сте го слушнале досега и ви делува како премногу тешка задача за почетокот на денот. Создавањето е долг процес, а што креативно можете да направите за 15 минути или половина час додека го пиете кафето? Наместо веднаш да се „фрлите“ на читање на пораките и проверување на социјалните мрежи, напишете неколку реченици на вашиот блог, нацртајте нешто, снимете видео, забележете што сте сонувале и вашите впечатоци за тој сон, од свирете нешто, пејте, направете фигура од хартија… Започнувањето на денот со некоја креативна активност буди во вас енергија која ќе ве држи цел ден, дури и ако не сте доволно наспани.rnrn3-utrinski-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-go-zapochnete-denot-na-vistinski-nachin-www.kafepauza.mk_rnrnПрочитајте и за овие 3 утрински навики кои можат да ви го уништат денот!