Автор: Ема ЈакимовскаrnrnВеќе подолго време се чувствувате досадно во домот и сакате некаква промена? Ако е така, прочитајте го овој текст, затоа што ќе ви покажеме како на лесен начин да го смените изгледот на некој од ѕидовите. Вака направениот ѕид изгледа преслатко и на самиот простор му дава неверојатно чувство на топлина, удобност и многу карактер. Целата процедура е лесна и трае само два дена, земајќи го предвид и периодот одвоен за сушењето.
rn
Што ви е потребно?
rn
- rn011
- Бои: три нијанси на портокалова боја, две нијанси на зелена боја
- Алатки: четка за боење со дебелина од околу 3 см, скала, стиропор, картон и лепило
rn011
rn
rn
rn
Како да го направите?
rnЗемете го картонот и исечете форми на мали квадрати.rnrnНа стиропорот нацртајте несовршени форми на кругови со радиус од околу 2 см и форми на листови, потоа истите залепете ги на парчињата картон за да ги направите печатите.
Почнете со најсветлата нијанса на портокалово и намачкајте од бојата на еден од печатите. Притиснете со печатот силно на ѕидот, особено задржете со прстите на краевите, за бојата поубаво да фати. Повторувајте ја постапката сè додека не покриете рамномерно една третина од ѕидот. Внимавајте на овој баланс, бидејќи е потребен простор и за останатите две нијанси.rnrnОткога ќе завршите со најсветлата нијанса, преминете на наредната и повторете го истиот процес. На некои места нијансите можат и да се преклопуваат.rnrnПродолжете така сè до најтемната нијанса на портокалово. Потоа, следат зелените листови. Тука се во прашање две нијанси, почнете со посветлата и завршете со потемната.
Совет плус: Внимавајте пред секое нанесување на нова нијанса, да застанете и да погледнете од далеку дали ѕидот е рамномерно покриен. Доколку не сте сигурни, најпрвин направете помалку печати, па потоа доколку видите дека не се доволни, продолжете со работата. Ако случајно згрешите, користете навлажнета тоалетна хартија за корекција и обидете се повторно. За рабовите да бидат почисти, на крајот направете печати во форма на кругови пресечени на половинки и поправете ги. Ова навистина ќе придонесе за подобар и поуреден изглед.rnrnВажно да се напомене е дека ѕидот нема да изгледа супер сè до самиот крај. На почетокот ќе си помислите дека не вреди, но не обесхрабрувајте се, после неколку слоеви боја, ќе изгледа феноменално.rnrnШто мислите? Ако ви се допадна предлогов и имате каде да го испробате, веднаш фаќајте се за работа и направете си форми кои вам најмногу ви одговараат и ви се допаѓаат. Среќно!
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
