КАФЕ ПАУЗА

Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

Written by

in

,

Без разлика дали сте утринска личност или ноќна птица, овие неколку совети ќе ви помогнат да почнете да се сложувате со личноста која секогаш ве прашува нешто во погрешно време.rnrnУтринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?rnrnВашиот колега влегува на работа во 09:45 часот наутро со уморни очи и веднаш оди да си направи кафе. Вие, како утринска личност, едноставно не ја разбирате неговата утринска нервоза. Вие сте позитивни наутро, полни со енергија и подготвени за деловни разговори. На вашите колеги не им е дојдено до разговор затоа што прво треба да си дојдат на себе.rnrnМеѓутоа, времето поминува брзо и речиси е пет часот. Вие сте нервозни и уморни, а вашиот колега е полн со енергија и со ентузијазам. Сите луѓе имаат различно ниво на енергија во различни периоди од текот на денот. Научниот термин за тој уникатен ритам што ве прави утринска личност или ноќна птица се нарекува хронотип.rnrnВрз основа на ова, овие неколку совети ќе ви помогнат да работите поефикасно со колегите кои се спротивен вид личност и да ја завршите работата во различно време.rn

Основни правила

rnПонекогаш некои активности треба да се направат во одредено време и има малку простор за избор. Но, во ситуации кога можете да бидете флексибилни, искористете го тоа. На пример, ако вашиот колега е ноќна птица, закажете го состанокот по 10 часот. Ако вашиот колега е утринска личност, закажете го состанокот пред 15:30 часот, особено ако станува збор за посложена тема. Со меѓусебно разбирање можете да ги избегнете расправиите и вознемиреноста.rnrnМоже да поставите и основни правила околу комуникацијата. На пример, може да се согласите да користите текстуални пораки само за навистина итни прашања. За сè останато, можете да користите е-пошта. Понекогаш комуникацијата треба да се случи во точно одредено време, но многу работи може да почекаат до следниот работен ден и комуникацијата ќе се одвива подобро ако разговарате со луѓето во време што е соодветно за нив.rn

Искрена комуникација

rnЛуѓето со различни хронотипови чувствуваат енергија и ентузијазам во различни периоди, така што тие нема да разберат што мислите, освен ако искрено не им кажете. Ако вашиот колега дојде до вашето биро веднаш штом ќе стигнете во канцеларијата, најдобро е да му кажете дека имате некоја работа и дека ќе го побарате откако ќе завршите.rnrnАко некој колега ве замоли да донесете важна одлука во 18 часот, а вие се чувствувате уморно, тогаш најдобро е му да кажете дека не се чувствувате добро во моментот и дека одлуката ќе ја донесете утре.rnrnОвие стратегии може да бидат корисни и за вашиот приватен живот. Ако легнете во креветот обидувајќи се да се мотивирате за работата, а вашиот сопруг започнува да зборува за рефинансирање на хипотеката, можете да кажете: „Навистина не можам да зборувам за тоа сега. Може ли да разговараме утре?“rnrnАко за време на комуникацијата ви е важно како ќе ве разбере другата личност и како правилно да ѝ одговорите, но во моментот не сте во можност да го направите тоа а најдобриот можен начин, објаснете на убав начин како не можете да донесете важна одлука, извинете се и кажете дека ќе ја донесете одлуката колку што е можно поскоро.rn

Меѓусебна почит

rnЛесно е да мислите дека вашиот начин на работа и времето во кое работите се најдобри. За вас можеби е така, но за другите не е. Некои ќе речат дека претпладне или наутро се ослободуваат од целата работа и го имаат остатокот од денот за други активности, а некои ќе речат дека попладне или во вечерните часови имаат најголема концентрација и тогаш ја завршуваат целата работа.rnrnНо, најефикасно ќе работите кога ќе сфатите дека сите луѓе се различни и дека треба да се почитувате едни со други.rnrnПрочитајте зад кои фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.