Лесно е да одржувате пријателства преку социјалните мрежи како Фејсбук и твитер… добивате известувања за родендени, знаете кој имал тежок ден и што ново му се случило… и сè тоа без да го завртите телефонскиот број.rnrn
rnrnЖивеејќи брз и динамичен живот, секој од нас има широк круг од пријатели и познаници кои ги запознава речиси секој ден. Но, сите имаме и еден интимен круг од најблиските кои најмногу ни значат. Треба да се знае дека постојат некои разговори кои е подобро да се направат во живо или во најмала рака преку телефон, наместо преку СМС или Фејсбук „четување“ – тонот на гласот, изразите на лицето и сосредоточеноста се губат кога не се ставени во комуникација лице в лице. Прочитајте кои се тие разговори:rn
Раскинување
rnБез оглед на тоа како прекинала врската со вашиот партнер и кои се причините за тоа, најдобро е ова да се направи и каже в лице.rnrn
rn
Покана за на кафе
rnПоканете го на кафе оној кој ви се допаѓа кажувајќи му го тоа в лице. Така, ќе оставите впечаток дека сте заинтересирани и сериозни во врска со поканата.rn
Честитање роденден
rnВашиот пријател заслужува повеќе од СМС-порака или честитање на ѕидот на неговиот Фејсбук-профил.rnrn
rn
Изразување сочувство
rnПокажете им со своето присуство на најблиските дека сочувствувате со нивната болка или загуба.rn
Првото „те сакам“
rnСоберете храброст и реченицата „те сакам“ нека излезе од вас токму пред лицето на саканата личност.rnrn
rn
Известување за бременост
rnСигурно не сакате да дознаете дека вашата најблиска пријателка е бремена преку статус на Фејсбук, нели?rnrn
rn
Известување за развод
rnИстото што важи за раскинувањето, важи и за разведувањето. Иако лутината може да ве совлада до степен што ќе сакате сите ваши Фејсбук-пријатели да сочувствуваат со вашата болка и бес, ова не е вистинскиот начин да дознаат за ова вашите роднини, а уште помалку роднините на вашиот доскорешен партнер.rn
Проблеми во врската
rnНе е пријатно вашите пријатели на Фејсбук да ги читаат вашите љубовни драми и препукувања преку статуси и видео клипови со посвета. Недоразбирањата и проблемите се решаваат со разговор лице в лице.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
