Да останете професионалци во работното опкружување понекогаш е навистина тешко, особено ако некои грешки постојано се повторуваат, како од вработените, така и од шефот. Всушност, шефовите мислат дека никогаш не грешат. Затоа, тие често испраќаат мејлови кои наизглед се љубезни, но всушност се длабоко пасивни-агресивни. Колку и да се трудите да бидете љубезни кон колегите, оние што знаат да читаат меѓу редови ќе разберат што сакал да да каже писателот. Погледнете кои се најчестите фрази и што значат тие:rnrn
rnrn1. Однапред Ви благодарам за одговорот.rnrnВистинско значење: Ќе ми направите услуга, иако сè уште не сте ни свесни за тоа. Затоа, однапред ви се заблагодарувам.rnrn2. Само проверувам…rnrnВистинско значење: Ќе ви испраќам мејлови сè додека не ми одговорите. Треба да ме известите како се одвива ситуацијата.rnrn3. Ако имате какви било прашања, слободно контактирајте ме.rnrnВистинско значење: Ве молам, не праќајте ми ништо, мислам дека бев доволно јасен.rnrn4. Се надевам дека ова ќе помогне.rnrnВистинско значење: Престанете да ми досадувате, ова е последен пат што ви помагам.rnrn5. Во иднина, нашата комуникација треба да биде подобра.rnrnВистинско значење: Не сакам да ви ја повторувам истата работа, што не ви беше јасно?rnrn6. Ќе го имам тоа на ум.rnrnВистинско значење: Искрено, не слушнав, но веројатно не е ни важно.rnrn7. Да го решиме ова до крајот на денот.rnrnВистинско значење: Вие решете го ова до крајот на денот.rnrn8. Да бидеме тимски играчи.rnrnВистинско значење: Мора да бидеме тим, но вашата плата нема да порасне „тимски“. Секој по своите заслуги, ако воопшто е така.rnrn9. Ќе видиме.rnrnВистинско значење: Нема да видиме ништо.rnrn10. Мора да размислувате надвор од границите.rnrnВистинско значење: Немам претстава што мислам со тоа, но сакам да звучам паметно.rnrn11. Дали сакате повторно да ви испратам мејл?rnrnВистинско значење: Знам дека го добивте првиот и заборавивте. Ова е последен пат да ве потсетувам.rnrn12. Поправете ме ако не сум во право.rnrnВистинско значење: Знам дека сум во право и никој не може да ме убеди во спротивното.rnrn13. Со целосна почит.rnrnВистинско значење: Не сте во право, кој и да сте.rnrn14. Како што кажавме во претходниот разговор на оваа тема…rnrnВистинско значење: На кој јазик зборувам?rnrn15. Дозволете ми да појаснам…rnrnВистинско значење: Вие изгледа сте глупав, не разбирам што не разбравте.rnrnПрочитајте кои се видовите токсични колеги од кои треба да се држите понастрана.
Зад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија
