На скоро секоја девојка ѝ се случило да биде во врска со момче каде што сè изгледа како да функционира одлично, предизвикувајќи таа дури и да ја замислува нивната свадба. Но, еден ден, без никакво објаснување, тој целосно исчезнува од нејзиниот живот, оставајќи ја сама и збунета. Ова никогаш не е лесно, но како и се друго, треба да се соочите со ситуацијата, а потоа и да продолжите понатаму. Погледнете како можете најдобро да го направите тоа…
rn
Воздржете се од напади
rnЗнаеме дека вие најмногу од сè би сакале да му се јавите и да го прашате што точно се случило и зошто, а потоа и да го нападнете, но за жал ништо добро не може да излезе од овој разговор. Тој сигурно си имал добра причина за неговото исчезнување, па токму затоа и нападите и обидите да ја вратите вашата врска во живот би ви биле бесцелни. Сè што можете да направите сега е да продолжите понатаму.rn
Не го сфаќајте ова лично
rnОва ви звучи како најголема глупост на светот, нели? Вие размислувате дека ако тој исчезнал од вашиот живот, сигурно тоа има голема врска со вас. Но, реалноста е дека вие сигурно не сте главната причина поради која тој го сторил така. Доколку проблемот бил само до вас, тој најпрво ќе се обидел да разговара, а потоа да преземе радикални чекори. Токму затоа големи се шансите дека тој имал лични проблеми кои не знаел како да ги реши, па токму затоа и избегал од нив.rn
Гледајте на позитивната страна
rnПостои една изрека која вели дека по секое зло, следува добро. Доколку вие сè уште не знаете која е добрата страна од неговото отсуство, сигурно со тек на време ќе дознаете. Дозволете си малку слобода, ослободете ги мислите и не заборавајте дека зад следниот агол ве чека нешто многу подобро.

