Покрај многуте нови трендови кои се базираат на ретро работи, оваа сезона се чини дека носталгијата е уште поголема. Имено, станува збор за еден од нашите омилени ликови од видео игрите од 80-тите години, Супер Марио, кој оваа сезона е достапен како боја на коса. Да, добро прочитавте! Погледнете ја оваа уметност создадена од групата „Х-presion Creativos“ од Мадрид, Шпанија.rnrn
rnrnКога косата е во движење или е разбушавена, таа изгледа како да има само неколку шарено обоени прамени. Но, кога косата е поставена рамно и право, тогаш се забележуваат две Марио фигури, во нивната класична форма од 1981 година.rnrn
rnrnСоздавачите на овој тренд минатата година ја лансирале нивната иновативна пикселна техника за боење на косата. Тие применуваат случајни форми и резултатот е некој луд графички дизајн.rnrn
rnrn„X-presion Creativos“ неодамна дебитирале со нивната последна пиксел креација, Супер Марио, во Токио, Јапонија. Тимот соопштил дека им требало околу една недела напорна работа за да го направат овој омилен лик од видео игрите на косата, а тоа го направиле во чест на видео играта која е одлика на нивното детство.rnrn
rnrnПогледнете дел и од останатата нивна работа, доколку барате инспирација за нова фризура…rnrn
Уметност со пиксели: Супер Марио во вашата коса!












