КАФЕ ПАУЗА

Учете ги вашите деца како да го заштитат својот личен простор

За многумина, личниот простор е тешка тема со која и не се баш добро запознаени. Дали и колку треба да им дозволите на останатите да ви се приближат? Потребно е да сфатите дека личниот простор е важна работа, но кога доаѓа момент тоа да им го објаснат на децата, повеќето родители не би знаеле од каде да започнат. Доколку и вие сте родител, со цел да ви се олесни, во продолжение погледнете го овој дијаграм, кој е дизајниран за деца од 5 до 10-годишна возраст. Тој е наречен „Кругови на врските“ и може да помогне во спречување на сексуалното и физичкото малтретирање, како и психолошката злоупотреба, едноставно со давање доволно информации на детето да разбере дека нешто лошо се случува.rnrnУчете ги вашите деца како да го заштитат својот личен просторrn

Јас, мојот приватен простор

rnВо срцето на дијаграмот лежи најважниот круг кој ве претставува токму вас. Вашето тело не е ничија сопственост, туку ви припаѓа само вам. Само вие можете да одлучите кој може да биде во ваша близина и дека никој не треба да го прави тоа без ваша дозвола. Не е важно на кои кругови во врската припаѓа таа личност, особено кога станува збор за заштита на личниот простор за време на детството. Без разлика дали тоа е дедото кој сака детето да седне во неговиот скут или пак најдобрата пријателка на мајката која сака да го бакне, не дозволувајте да го прават тоа доколку не сакате.rn

Семејството

rnОва го претставува семејството и вашите најсакани. Почитта, довербата и љубовта се фактори кои одредуваат кои личности ќе ги држите во овој круг. Како и да е, дури и вашите најблиски треба да ги имаат предвид границите на вашиот личен простор. Слично на ова, и вие треба да ја почитувате нивната приватност.rn

Пријатели

rnВо овој круг се вклучени пријателите и оние со кои сакате да останете во контакт. Пријателството е многу важно и вклучува повеќе работи: Заеднички игри, разговори, забава, пријателски прегратки. Тоа се заснова на доверба и почит, па се разбира дека сите заеднички активности треба да се извршуваат со взаемна согласност. Ова е важно и за децата и за возрасните. Имено, детето мора да биде свесно за фактот дека не сите негови соученици треба да се однесуваат како него, а родителите треба да им зборуваат на своите деца и да им ги дефинираат критериумите на пријателството и како една личност треба да се однесува кон своите пријатели.rnrnУчете ги вашите деца како да го заштитат својот личен просторrn

Познаници

rnЖолтиот круг ги вклучува оние познаници со кои имате површни односи и кои не играат важна улога во вашиот живот. За децата, овие личности може да бидат познаници од училиште, од соседството, децата на пријателите на родителите и слично. Затоа, многу е важно мајките и татковците да им ги прикажат на своите деца општествените норми, како и релациите кои постојат помеѓу различните видови познаници, при што секој ќе треба да ја знае разликата помеѓу блиски пријатели и луѓе со кои само понекогаш се разменува некое мислење. Исто така, тие треба да бидат свесни и за растојанието кое треба да го имаат едни од други и истото взаемно да го почитуваат.rn

Професионални лица

rnНаставници, полицајци, пожарникари, медицински сестри, лекари… Овие луѓе може да ви помогнат кога ви е потребно, но тие не се ваши пријатели. Затоа, родителите треба да бидат сигурни дека нивните деца се запознаени со различните видови итни ситуации и дека знаат кога и кој треба да побараат.rn

Непознати

rnНе значи дека сите непознати претставуваат закана, но бидејќи не ги знаете, не можете да кажете дали се добри или лоши. Затоа, не треба да им верувате или пак да споделувате со нив некои делови од вашиот или животот на вашите најблиски. Не мора да им одговарате на сите прашања или да одите со нив каде што ќе ве поканат.rnrnНастојувајте да ги учите вашите деца дека ако нечија навика им пречи, тие може слободно да кажат „Не.“ Доколку пак чувствуваат дека некој се однесува на непристоен начин кон нив, тие треба да го споделат тоа со вас. Никој нема право да влегува во личниот простор без дозвола. Затоа, не срамете се од проблемот, поставувајте прашања и храбро преземете ги потребните дејства за да го заштитите нивниот личен простор!