Што е тоа во креативните дела, како некоја слика или песна, што нè воодушевува? Дали возбудата е поради тоа што гледаме нешто ново, нешто различно, нешто што го видел само уметникот?rnrn
rnrnИдејата дека некои луѓе гледаат повеќе можности од други е основата на концептот за креативност. Психолозите често ја мерат креативноста користејќи задачи кои бараат различно размислување. Овие задачи бараат од вас да искористите што е можно повеќе секојдневни предмети, како на пример тула. Луѓето кои можат да најдат повеќе примени на тулата се сметаат за покреативни за разлика од луѓето кои можат да се сетат само на нејзината вообичаена примена.rnrnАспектот од нашиот карактер којшто е одговорен за нашата креативност е наречен отвореност кон искуства, или само отвореност. Помеѓу петте главни карактерни особини, отвореноста најдобро го предвидува перформансот на задачите со различно размислување. Отвореноста исто така може да ги предвиди креативните достигнувања во реалниот свет.rnrnЉубопитноста да се истражуваат нештата од сите страни може да им помогне на отворените луѓе да забележат повеќе нешта од просечната личност, односно да откријат комплексни можности во познато опкружување.rn
Креативна визија
rnВо едно истражување се открило дека отворените луѓе не само што им даваат нова перспектива на нештата, туку тие ги гледаат работите поразлично од просечниот човек.rnrnИстражувачите сакале да откријат дали отвореноста е поврзана со феномен кај визуелната перцепција наречен бинокуларно ривалство. Ова се случува кога на секое око му се покажани две разни слики, како на пример зелена боја на едното и црвена боја на другото око (како на сликата).rnrn
rnrnНаводно, испитаниците во овие истражувања одвреме-навреме гледале комбинација од двете слики (сликата во средина). Овие моменти кога и двете слики истовремено ѝ се достапни на свеста, речиси изгледаат како „креативно“ решение на проблем претставен од два некомпатибилни стимули.rnrnВо три експерименти се открило дека отворените луѓе подолго ги гледале споените слики за разлика од просечниот човек. Покрај тоа доколку биле во добро расположение, сликата ја гледале уште подолго.rnrnОвие резултати покажале дека креативноста на отворените луѓе се протега сè до основната визуелна перцепција. Отворените луѓе најверојатно имаат фундаментално разни визуелни искуства за разлика од обичните луѓе.rn
Гледање на нешта што другите не ги забележуваат
rnДруг познат феномен поврзан со перцепцијата е наречен ненамерно слепило. Луѓето го искусуваат ова кога се премногу фокусирани на едно нешто, па не ги гледаат работите што се пред нив.rnrnВо едно истражување испитаниците биле замолени да изгледаат кратко видео од луѓе кои си подаваат топка и да избројат колку пати е фрлена топката од страна на луѓето со бела блуза. Можете да се обидете и самите. Изгледајте го видеото и избројте колку пати е фрлена топката од играчите со бела блуза.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vJG698U2MvornrnВо текот на видеото сред сцената се појавува човек во костим на горила, неколку пати се удира во гради и потоа си заминува. Ако не сте го забележале, не сте единствени. Речиси половина од 192 испитаници во оригиналното истражување воопшто не го забележале човекот со костимот.rnrnНо зошто некои луѓе искусиле ненамерно слепило, а некои не? Одговорот се открил во друго истражување кое покажало дека ненамерното слепило зависи од вашиот карактер – отворените луѓе имаат поголеми шанси да го забележат човекот во костимот. Уште еднаш се покажало дека отворените луѓе гледаат работи што другите ги игнорираат.rn
Отворање на нашиот ум: Дали повеќе е подобро?
rnИзгледа дека отворените луѓе навистина имаат дарба. Но дали некреативните луѓе можат да го прошират нивниот ограничен видик и дали тоа би било добро?rnrnПостојат цврсти докази дека можно е да ја зголемите вашата креативност со когнитивно тренирање, а сличен ефект имал и псилоцибинот, психоактивната состојка во магичните печурки. Отвореноста се зголемила и кај студентите кои заминале да студираат во странство, со тоа потврдувајќи ја теоријата дека патувањето го проширува умот.rnrnНо, оваа отвореност има и мрачна страна. Отвореноста била поврзана со неколку ментални нарушувања, како на пример, склоност кон халуцинации. Границата помеѓу тоа да гледате повеќе и да гледате работи што не се таму е навистина тенка.rnrnЗначи, од разни карактери доаѓаат разни искуства, но не значи дека нечија гледна точка е подобра од нечија туѓа.rnrnПогледнете и кои навики ќе ја поттикнат вашата креативност.