Нанесувањето ајлајнер не е ниту малку лесен процес, бидејќи тој бара мирна рака и прецизност. Затоа е неопходно да знаете некои трикови кои на најдобар можен начин може да ви помогнат да го нанесете ајлајнерот и тој секогаш да изгледа совршено. Ова се само некои од нив.rnrn
rnrnЗа вашата шминка околу очите да трае подолго, пожелно е преку ајлајнерот да нанесете сенка за очи во истата боја. Тоа ќе го направите така што најпрво ќе нанесете ајлајнер, а потоа преку него сенка за очи.rnrn
rnrnНаправете ја светлата сенка уште повпечатлива, така што пред нејзиното нанесување ќе нанесете ајлајнер во бела боја. Така на најдобар можен начин ќе направите подлога која ќе ја истакне бојата на сенката за очи.rnrn
rnrnНаправете сами свој ајлајнер со помош на сенка за очи и четка за нанесување сенка. Тоа ќе го постигнете така што најпрво ќе ја намокрите четката и со тоа ќе ја постигнете острината која ја има самиот ајлајнер.rnrn
rnrnКористете бел ајлајнер за совршено истакнување на вашиот облик на очи, така што ќе го нанесете под и над веѓите. Ова ќе ви помогне на најдобар можен начин да ги дефинирате вашите веѓи.rnrn
rnrnАко нанесувањето на совршена линија со ајлајнер ви претставува потешкотија, нанесете подебел и неправилен слој, а потоа со чепкалка за уши избришете го непотребниот дел.rnrn
rnrnКористете лажичка за совршено да го нанесете ајлајнерот. Прво нацртајте ја линијата со помош на крајот од лажичката, а потоа таа линија здебелувајте ја и на тој начин истакнете ги очите.rnrn
rnrnДоколку вашиот ајлајнер е премногу воден, ставете го во фрижидер околу 10 минути и на тој начин тој повторно ќе ја добие совршената цврстина за нанесување.rnrn
rnrnЗа вашите очи да изгледаат покрупни, по должината на долниот раб на окото нанесете бел ајлајнер. На овој начин вашите очи ќе изгледаат визуелно поголеми.rnrn
rnrnКористете леплива трака за да нанесете совршена линија со ајлајнерот. Наместете ја да биде во рамнина со долната линија на вашето око, за да креирате совршена линија.rnrn
Трикови за нанесување ајлајнер кои секоја жена би требало да ги знае
