КАФЕ ПАУЗА

Каков тип бизнис ви одговара според карактерот?

Каков тип на бизнис ви одговара според карактерот?

Written by

in

,

Според Мајкл Рафлс, експерт од областа на бизнисот, успешноста во овој сектор во голема мера зависи од тоа каков тип бизнис сте одбрале да водите и дали тој одговара на вашиот карактер. Тој бизнисмените ги споредува со спортистите во колективните спортови. Вели дека ако играте на позицијата која најмногу ви одговара, ќе дадете добар придонес за тимот и ќе бидете ѕвезда, а во спротивно ќе се изгубите во потпросечноста. Тој предлага различен избор на бизнис за различни карактери.rnrnКаков тип бизнис ви одговара според карактерот?rn

Брзорастечки бизнис

rnЗа да основате бизнис кој многу брзо ќе расте, а потоа и да се справите со него, неопходно е да бидете експерт во полето поврзано со пазарот во кој сакате да учествувате. Но, тоа не е доволно. Ваков тип бизнис им одговара на самоуверени луѓе кои знаат добро да преговараат и да убедат повеќе инвеститори да вложат пари во нивниот бизнис. Најголеми шанси за брз успех имаат оние кои вложуваат во пазар на кој му недостасуваат играчи. rnrnСправувањето со брзорастечкиот бизнис исто така не е лесно. Неопходно е уште од почетокот да се работи со некаков здрав профит, кој ќе се вложува понатаму заедно со влоговите на останатите инвеститори.rnrn

Бавнорастечки бизнис

rnОние кои сакаат својата страст да ја претворат во бизнис без притоа да се носат со големиот стрес поради враќање на заеми, треба да се одлучат бизнисот да го водат на начин што ќе биде бавен и релативно сигурен за нив. Ова обично не се големи бизниси и за нив не е потребно големо познавање на финансиското работење. Доволна е само мотивација и трпение.rnrn

Бизнис со скратено работно време

rnБизнисот бара голема посветеност во текот на целиот ден, но ако не сте тип човек кој е спремен да го прифати тоа, можете да изберете некој кој ќе го работите со скратено работно време. Најчесто ќе можете самите да ги избирате и часовите во кои ќе работите. Овој бизнис не носи голем профит, но е добар за да го надополни буџетот. Ако се решите на ваков чекор, имајте предвид дека потребно е да сте добри организатори кога се работи за вашето време.rnrnКаков тип бизнис ви одговара според карактерот?rn

Соло во сопствениот сектор

rnАко сте тип човек кој постојано има забелешки на потезите на шефот и сметате дека можел да постапи поинаку во повеќето ситуации, можете да размислите за отпочнување на сопствен бизнис во истиот сектор. Тоа ќе ви овозможи да водите претпријатие во кое сите потези ќе бидат повлечени онака како што вие сметате. rnrnПри започнувањето со работа треба да внимавате на евентуалните договорни клаузули за забрана за конкуренција со поранешниот шеф кои би можеле да ве спречат во вашите намери. Добро би било работно место да го напуштите во добра атмосфера, затоа што токму поранешната компанија би можела да ви биде клиент. Но, за секој случај, спремете си листа со контакти на клиенти кои би можеле да ги преземете од нив.rnrn

Бизнис за проба

rnОва всушност и не е вистински бизнис, но може да ви послужи како средство за да ја испробате вашата идеја пред да се впуштите во поголеми ризици. Пример за тоа се тројца пријатели од САД кои продале еден куп смуди на музички фестивал. Таму поставиле две корпи за да се фрлаат празните чаши. На едната пишувало „Направете бизнис од ова“, а на другата да не се обидуваат. Во првата имало повеќе чаши и така започнале. Ова е идеално за луѓе кои немаат многу средства за започнување бизнис кои би сакале да ги ризикуваат и сакаат да видат колкави им се шансите да успеат.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.