Најубавиот тен се добива природно – на сонце. Но, изложувањето на сонце, поради многуте лоши здравствени последици, треба да биде ограничено и да се искористи мудро. Важно е да бидете целосно заштитени кога сте на сонце, а за да го задржите потемниот тен подолго време, прочитајте ги советите во продолжение.rnrn
rn
Избегнувајте топла вода
rnТоплата вода ја суши кожата, па затоа треба да се капете со млака вода и да користите хидратантен гел за туширање со растителни масла и други хранливи состојки, а да ги избегнувате оние што содржат хемикалии што ја сушат кожата, како што е натриум лаурил сулфат.rn
Хидратација
rnХидрирајте ја кожата – колку повеќе, толку подобро затоа што кога кожата ќе се исуши, почнува да се лупи на површината. Користете хидратантни кремови за лице и лосиони за тело наменети за кожата по сончање, а избегнувајте препарати на база на краставици, лимони и млеко бидејќи може да ја избелат кожата. Покрај хидратацијата однадвор, телото треба да се хидрира и однатре.rn
Правете пилинг
rnСпротивно на популарното верување, пилингот нема да ја изгреби вашата тешко стекната боја. Напротив, потребен ви е пилинг бидејќи насобраните мртви клетки може да направат кожата да изгледа неубаво. Сепак, потребно е внимателно да се избере производ со кој кожата ќе сјае. Избегнувајте пилинг со гликолна и салицилна киселина бидејќи тие може да го избледат тенот. Истото важи за кремовите за депилација, жилетите и восокот, бидејќи сите овие методи за отстранување на влакна го отстрануваат и површинскиот слој на кожата. Најидеално би било да користите пинцета или епилатор за отстранување на влакната.rn
Внимавајте што јадете
rnБета-каротенот ја подготвува кожата за сончање, но исто така помага да се задржи бронзената боја колку што е можно подолго. Затоа, посегнете по додатоци што содржат бета-каротин или вклучете колку што е можно повеќе храна што го содржи овој корисен растителен пигмент, како што се моркови, кајсии, манго, сладок компир, папаја и спанаќ.rn
Нагласете го тенот
rnКога ставате шминка, користете бронзер и нанесете го со кружни движења во пределот на лицето. Лакирајте ги ноктите со корални или тиркизно сини нијанси и облечете бела облека што создава илузија на потемна кожа.rn
Останете на сонце
rnПовременото сончање по враќањето од одмор може многу да ви ја продолжи бојата. Но, дури и тогаш, не заборавајте за заштитата од УВ-зраците!rnrnПрочитајте како да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив.