Планетата Земја е преполна со тајни и мистерии, а некои од нив можеби никогаш нема да бидат разрешени.rn
1. Саксајваман
rn
rnrnОвие составени камења и карпи се наоѓаат во близина на Перу и совршено добро се вклопуваат без малтер, што е невозможно нешто да се стави помеѓу нив.rn
2. Пештерите Лонгјоу
rn
rnrnОвие пештери направени од човечка рака се пронајдени во близина на Кина и сѐ уште претставуваат вистинска мистерија. Се претпоставува дека датираат од пред династијата Квин (212 година п.н.е.), но нема податоци за нив. Зошто некој сакал да го скрие нивното постоење?rn
3. Војничeвиот ракопис
rn
rnrnМистерија која останува нерешена до ден-денес, со многу теории во врска со тоа на кој јазик е напишана. Во 2014-та, две различни групи изнесле две тврдења дека ја решиле мистеријата. Единствениот проблем било што двете решенија целосно се разликувале едно од друго. Едните верувале дека тоа е мексикански дијалект, додека другите мислеле дека тоа е кодиран азиски јазик.rn
4. Портата на сонцето
rn
rnrnИсто како Стоунхенџ, и Портата на сонцето е камена структура која останала нерешена тајна до денешен ден. Се наоѓа во околината на Боливија, каде се верува дека живееле првите луѓе на планетата. Се претпоставува дека написите кои се врежани во плочите се всушност од голема астролошка и астрономска важност.rn
5. Гобекли тепе
rn
rnrnОва место, кое е пронајдено на врвот на планинскиот гребен во Турција, многу придонело за човековото разбирање за развојот на древните обичаи. Храмот е изграден пред да биде изграден градот околу него, а тоа покажува колку е ценета религијата на оние кои тука се населувале.rn
6. Споменикот од Јонагуни
rn
rnrnСѐ уште трае дебатата за тоа дали оваа огромна подводна структура е направена од човекот или е природно формирана. Споменикот се наоѓа на крајбрежјето на островот Јонагуни во Јапонија и содржи рамни рабови како и агли од 90 степени.rn
7. Ливадите Лонсо
rn
rnrnОва наоѓалиште старо 1.000 години, кое се наоѓа на Њуфаундленд во Канада, докажува дека Викинзите стигнале до Северна Америка многу порано од Кристофер Колумбо.rn
8. Тунелите од камено време
rn
rnrnОваа огромна мрежа на подземни тунели која се простира ширум Европа, од Шкотска до Турција, е направена целосно од човекот и датира од каменото време. Остануваат прашањата за тоа како било возможно да се изгради толку обемен систем во тоа време.rn
9. Птицата моа од планинскиот венец Овен
rn
rnrnМоа е птица чија врста изумрела пред околу 500 години, па било голем шок кога истражувачите пронашле зачувана канџа од една ваква птица во пештерата на планината Овен во Нов Зеланд, која датира од пред 3.000 години.rn
10. Мохенџо Даро
rn
rnrnМохенџо Даро се наоѓа во Пакистан и преставува најраната градска населба со знаци на градско планирање, социјални организации и системи за сушење. Се проценува дека на ова подрачје живеле 40.000 луѓе.rn
11. Недовршениот обелиск
rn
rnrnОвој обелиск е изрезбан директно на камен, но кога се појавиле пукнатини во гранитот, изградбата на обелискот е напуштена. Се наоѓа во Египет и можете да видите колку е голем во споредба со малите човечки фигури.rn
12. Топките во Костарика
rn
rnrnПостојат стотина гранодиоритни топки низ цела Костарика кои се различни по големина и варираат од многу мали (3-4 см) до прилично големи (3 м). Археолозите до ден-денес немаат никаква идеја што претставуваат овие топки.
