Брановите и локните се фризури кои никогаш нема да излезат од мода, а со текот на годините стануваат сè повеќе популарни. Постојат повеќе начини за правење локни. Некои од нив бараат голема топлина, а други пак не, но за сите е потребно да одвоите подолго време. Сигурни сме и дека веќе имате свои методи и начини за виткање на косата. Доколку сте доволно вешти со апаратите за виткање, тогаш косата, во зависност од нејзината густина, би ја навиткале од 10 до 20 минути. Но, денес ви откриваме трик со кој ќе ја направите оваа фризура за помалку од 5 минути.rnrn
rnrnСоберете ја косата на врвот на главата и заврзете ја со стега. За да немате проблеми со прекршена коса, користите специјални спирални ластици. Откако ќе ја заврзите косата, напрскајте ги нејзините краеви со производ за подобро зацврстување или за полесно виткање. Потоа, одвојувајте прамени од опавчето и виткајте ги со помош на фигаро.rnrn
rnrnКога ќе ја навиткате целата коса од опавчето, благо подигнете ја со раката кон напред за да се олади. На тој начин ќе обезбедите локните да траат подолго. Под опавчето ставете шише лак за коса за да добиете волумен.rnrn
rnrnИсечете ја стегата, бидејќи регуларното отстранување може да ги уништи локните. Префрлете ја косата наназад, благо разбушавете ја со прстите и тоа е тоа!rnrn
rnrnСо овој трик го прескокнавте процесот на одвојување на косата на делови и помали прамени. Опавчето го направи тоа наместо вас!
Трик за правење совршени локни за помалку од 5 минути
