Што и да користите за чистење на рерната, веруваме дека ќе сакате да го испробате и овој метод за кој многумина тврдат дека е поефикасен и од сода бикарбона и оцет. Со овој трик веднаш ќе ги отстраните мрснотиите и нечистотијата од вратата на рерната, од стаклениот дел и од металната рамка на вратата.rnrn
rnrnСè што ви треба за овој трик е таблета за миење садови (или две) и сад со топла вода. Користете само таблети во прав, а не гел таблети.rnrnПотопете ја таблетата во водата и држете ја доволно долго за да апсорбира малку вода, но не премногу долго за да не почне да се распаѓа. Потоа едноставно тријте ја од рерната, а сунѓер не ви е потребен. Правете кружни движења за да ги отстраните дамките и мрснотиите.rnrnАко таблетата почне да се суши, натопете ја повторно. Кога ќе завршите, избришете ги остатоците од таблетата и нечистотијата со влажна крпа.rnrnТаблетите за миење садови ги отстрануваат дури и најтврдокорните дамки и ги оставаат садовите сјајни. Овие моќни состојки дејствуваат и на дамките од мрснотии и печена храна што остануваат во рерната. Покрај тоа, таблетите имаат абразивна површина што ги чисти и најтврдокорните дамки, но се доволно нежни за да не го изгребат стаклото на вратата на рерната.rnrnПогледнете како да ја отстраните досадната прашина што останува откако ќе ја исчистите куќата со метла и ѓубралник.
Трик со кој ќе ја исчистите рерната подобро отколку со сода бикарбона и оцет
