Анксиозноста ни малку не е наивна состојба со која личноста треба да се избори. Методите од типот „број до 10“ и „диши длабоко“ не се баш едноставни за реализација. Но, оние луѓе кои се соочуваат со анксиозност, имаат свои начини за контролирање на оваа состојба. Прочитајте ги во продолжение – тие и вас можат да ви бидат од корист во некои ситуации.rnrn
rn
1. Возење автомобил
rnВозењето автомобил ѝ помага личноста да се концентрира на патот, па на тој начин таа нема време претерано да размислува за другите нешта што ја мачат.rn
2. Слушање аудио книга
rnНа овој начин личноста се концентрира на содржината на книгата и на информациите кои ги дава оној што ја чита, па така си ја опушта психата.rn
3. Готвење
rnГотвењето може да биде механизам за опуштање и „чистење“ на главата. Поминувањето време во кујната може да ви донесе мир и релаксација, а згора на тоа, од вашето готвење може да произлезе и нешто многу вкусно.rn
4. Пеење
rnМожеби ќе ви звучи чудно, но пеењето во себе на јавни места, како во супермаркет или пошта, може да ви помогне во борбата против анксиозноста. Пеењето има способност да го одржува нормалниот ритам на срцевите отчукувања, па на тој начин го решава проблемот со анксиозноста.rn
5. Броење метални парички
rnНекои луѓе велат дека во моменти на напад на анксиозност, ја ставаат раката во џеб и почнуваат да бројат монети. Звукот на тропкање со ситен метал може да делува смирувачки.rn
6. Топол или ладен пијалак
rnПијалакот може да биде топол или ладен, сеедно е. Разликата во температурата ќе ѝ влијае на личноста да стане повнимателна и поконцентрирана, па за момент да заборави на грижите. Ова е трик кој го препорачуваат и психолозите.rn
7. „Свеќа“ – задржување на телото на рамења
rnОваа вежба што сите ја имаме правено како деца, помага да се видат нештата од сосема поинаква перспектива. Притоа се опуштаат и телото и умот.rn
8. Држење ладен портокал
rnДржењето ладен портокал во раце помага да се концентрирате на самиот облик и на температурата на ова овошје. Забрзаните отчукувања на срцето се успоруваат, мислите се смируваат и личноста се опушта.rn
9. Разговор со растенија
rnРазговарањето со растенијата на вашата тераса или во домот, нивното пресадување, средување и грижата за нив може да ви ја намали тензијата и да ги смири вашето тело и ум. Звучи необично, но ефикасно е.rn
10. Шминкање
rnШминкањето може да ви помогне со анксиозноста, и притоа не мора да имате план за излегување или друга прилика за тоа. Тоа е како уметност којашто ја изразувате на вашето лице и на тој начин ги изнесувате вашите емоции, додека истовремено се разубавувате.rnrnПрочитајте ги 4-те знаци дека е време да побарате помош за вашата анксиозност.