Три точки

Сподели

Автор: Анаrn

Реклама

Милион погледи.rnУште повеќе замерки.rnДолга тешка улица, навидум чиста,rnно на неа, толку валкани чекори!rnДодека дождот полека го мие нејзиното лице,rnочите и се полнат со солзи… се радува на новото.rnПолека пристигнува до кривината која ја носи кон невиденото…rnДали ќе го сврти погледот?rnИли ќе остане во раката на несознанието?rnДали е таа онаа правата?Сигурно некогаш во животот сте се нашле во ситуација кога сте требале да донесете одлука.

rnУф! Секогаш кога треба да донесам некаква одлука, ми е тешко. Имам една особина која не ја сакам многу кај себе, знам силно да се покаам за нешто доколку не е направено со најмали детали… А подоцна пак, ќе си речам: „Што ти е? Успеа нели? Дај опушти се!“ Тешко е да се опуштиш кога знаеш дека оние мали, ситни детали те двојат од врвот, од целосната победа… Од друга страна пак, сите сме победници, зар не? 😀

Имам натпреварувачки дух, кој не толку многу го покажувам, но постои и кога треба, сите го чувствуваат. Сметам дека секој еден треба да го храни тој дух во себе. Да сакаш да победиш е една од најздравите особини кај еден човек.

Така се постигнуваат целите во животот, барем според мене… Секоја победа има своја цел. На кому како му се посреќило. И победата има своја ранг листа… Те става онаму каде си заслужил… Старите велат: „Колку си посеал, толку ќе си ожнееш.“ Имаат право. Не постојат златни лажички.  Жал ми е за оние кои не се трудат. Нема секогаш некој да им ја работи работата. Ќе паднат и тие. Фрустрира понекогаш, знаете? Фрустрира фактот дека некој направил помалку, добил повеќе, а ти, ти си се здробил од работа за минимум, за трошка…

Кога ќе се случи нешто такво во моја близина и присуство, јас секогаш си велам, барем знаењето и искуството се мое богатство. Некои ова мислење го сметаат за празно. Не ме засега. За секој еден ќе дојде времето. Само труд и трпение. Трпение – спасение.

Сакам збор.rnСакам.rnСонувам.

Мечтаам.

Не можам да објаснам што е доволно…rnТри точки…rnТоа е сè…rnШто значат?

Значат сè што имаме.rnЗначат сè што ќе имаме.

Иднината е ваша. Патот по кој ќе одите е онаков каков сами ќе си го ископате. Снаодливи, тајни, нежни, два чекори напред, еден назад… Па добро, секогаш останува оној еден чекор напред… Јас не се откажувам. Ви удриле шамар на реалноста? Соочете се со неа. Нема бегање. Постоиме поради некоја си причина… Јас велам, искористете ја. Па животот е краток, луѓе мои. Едно трепнување и сме се нашле на крајот. Почетокот е навистина важен. Оставете впечаток.

Популарно

Може ќе ве интересира