Имате силна главоболка? Помислувате на најлошото? Пополека, опуштете се. Некои симптоми може да ве претворат во хипохондрик, но најважно е да не подлегнете на паниката.rnrn
rn
Проблем 1: Постојано сте уморни
rnАко сте просечна вработена жена, а плус и мајка, најчестата причина за умор е недостатокот на сон или слободно време. Втората причина е недостаток на железо во крвта поради обилните менструални циклуси. Ако сте помислиле дека имате синдром на хроничен замор, имајте на ум дека тоа е навистина тешка состојба и не личи на обичен умор.rnrnШто може да направите: Земете слободни денови и јадете многу овошје и зеленчук.rnrnКога да посетите доктор: Ако заморот е проследен со болки и губење на телесната тежина.rnrn
rn
Проблем 2: Постојани главоболки
rnНе помислувајте дека имате сериозни проблеми. Поверојатно е, особено ако болката започнува кон крајот на денот, дека патите од напната главоболка која е создадена од стрес и предизвикува контракција на мускулите на главата и вратот.rnrnШто може да направите: Ако патите од напната главоболка, потребно е да го лечите факторот што ја предизвикал, на пример, стресот, болките во грбот или заморот на очите. Но, болката може да ја ублажите доколку земете еден прамен од косата во близина на болното место и полека го влечете и виткате во рок од неколку секунди. Така го стимулирате влевањето на крвта во черепот и ги ублажувате пулсирањата на главата.rnrnКога да посетите доктор: Кога главоболките се проследени со болки во екстремитетите или проблеми со видот, бидејќи со овие симптоми е потребен итен докторски преглед.rn
Проблем 3: Обилен менструален циклус
rnНајверојатно проблемот е од хормонска природа. Претходната менструација најверојатно ви била многу слаба или воопшто не сте ја добиле, па сега вашето тело го надокнадува тоа.rnrnШто може да направите: Почекајте ја следната менструација, бидејќи проблемот може да биде привремен.rnrnКога да посетите доктор: Ако проблемот трае повеќе од 3 месеци или губите премногу крв.