Женски чевли направени од цвеќиња

Сподели

Роден и образован во Париз, Мишел Черефков студирал право, кога после една посета на неговата сестра која работи како манекенка во Њујорк, тотално му се променил патот кон неговата кариера и решил да започне да се занимава со комерцијална фотографија. Незаситната љубопитност на Мишел за уметничките облици, во комбинација со неговиот инстинкт и потреба за експериментирање, резултирало во фотографии, кои тој ги опишува како „искривена реалност“.Неговата работа била инспирирана од свиткан лист, кој Черефков го забележал и му заличел на чевел. Од оваа идеја, била родена неговата фотографска серија „Shoe Fleur“ (Цветни чевли). Тој првин ги фотографирал поединечно цвеќињата и листовите во неговото студио во Менхетен, а потоа користел Фотошоп за да ги соедини елементите во една целина и да создаде надреални чевли.

Во врска со неговата фото-серија Мишел вели: „Ги купив сите овие цвеќиња и листови и почнав да фотографирам. Беше многу забавно и убаво и испадна токму како што сакав – тотална фантазија“.

Реклама

rn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира