КАФЕ ПАУЗА

Тренирање на интуицијата за подобро донесување одлуки

Тренирање на интуицијата за подобро донесување одлуки

Written by

in

,

Интуицијата може да се опише како малиот глас кој го слушате во вашата глава. Обидете се да се сетите на нешто што сте го направиле без размислување. Во тој момент делувала вашата интуиција. Проблемот е што таа може да ви биде или пријател или непријател кога станува збор за донесувањето одлуки. За да го избегнете второто, погледнете како да ја тренирате вашата интуиција.rnrnТренирање на интуицијата за подобро донесување одлукиrn

Проширете го кругот на пријатели

rnЛуѓето настојуваат да се чувствуваат безбедно до оние кои имаат исти верувања и мислења како нив. Но важен чекор во тренирањето на интуицијата е излегувањето од вашата удобна зона. Дружете се со луѓе кои се спротивставуваат на вашите верувања. Ова ќе ви даде нова перспектива.rn

Размислувајте надвор од кутијата

rnОвој начин на размислување е популарен кај успешните луѓе. Потребно е да научите работи за разни теми, а потоа да ја најдете нивната поврзаност. Со ова ќе ја зајакнете вашата интуиција и ќе донесувате правилни одлуки.rn

Следете го тренирањето во дневник

rnДневниците се одличен начин да го следите вашиот напредок. Едноставно запишете колку пати дневно сте ја слушале вашата интуиција и кој бил резултатот. Секој неуспех значи дека треба да поработите на себе.rn

Најдете добри учители

rnУчителите треба да имаат навистина изразена интуиција. Обично ова се мудри луѓе кои учеле од бројните грешки во текот на животот. Овие луѓе не забораваат да слушаат. Ќе сфатите дека учителот може да ви помогне за многу краток период.rn

Проширете го знаењето

rnКолку помалку знаете, толку потешко ќе се справите со интуицијата. Искусете нови нешта и почувствувајте како се менува вашиот мозок. Читајте книги за да го проширите знаењето и да го подобрите начинот на размислување.rn

Развијте добри навики

rnГледајте на интуицијата како на нешто што постојано се подобрува. Најдобриот начин да го постигнете ова се добрите навики. Според истражувањата, потребни се 21 ден за да создадете нова навика, а ова најчесто зависи од нејзината комплексност. Работењето на вашата волја исто така е клучно за успехот. Запомнете да ги извршувате обврските во исто време и место за да ја зајакнете навиката.rnrnИнтуицијата може да биде одлична алатка. Таа може да управува со вашиот успех во текот на животот. Одвојте време за да ја подобрите и ќе постигнете многу.rnrnПогледнете ги и знаците дека вашата интуиција се обидува да ви каже нешто.