Ова дневно парче ќе биде во центарот на вниманието за време на есента, бидејќи е прогласено за најатрактивен модел на сезоната. Без ракави, во вид на пончо или марами надополнети со каиш, плаштовите се едни од најпрактичните дневни парчиња облека што изгледаат доста убаво на секоја дама. Најчесто се носат во слоевити варијанти, со ролка, кошула или тенок џемпер, а сè зависи од времето кога ги носите.rnrn
rnrnИнтересно е тоа што ова парче облека може да се носи и со здолништа, со фармерки, со кожни панталони, но со него воедно треба да бидете претпазливи, бидејќи ако не го изнесете на вистинскиот начин може да изгледате покрупно и подебело. За среќа, ние имаме решение, односно денес ви откриваме како оваа есен да ги носите вашите плаштови како вистинска дама.rn
1. Краток плашт и кратко здолниште
rnДоколку вашиот избор за оваа есен е краток плашт, тогаш нека и здолништето со кое го комбинирате биде со истата должина. Заедно со нив изберете класична кошула, надополнете ја својата дневна комбинација со длабоки чизми, шешир и чанта со иста боја како наметката и бидете сигурни дека ќе предизвикате воодушевување кај сите ваши познаници, но и кај случајните минувачи.rnrn
rn
2. Плетено пончо и ѕвонарки
rnПлетеното пончо во текот на студените денови е секогаш одлична алтернатива за класичните капути, но тоа исто така претставува и вистинска стилска варијанта. Наш предлог е оваа есен да се одлучите за земјени тонови, а заедно со своето омилено пончо да облечете и ѕвонарки во некоја потемна нијанса бидејќи на тој начин ќе постигнете неверојатен ефект и вистински дамски изглед.rnrn
rn
3. Шарен плашт и црна основа
rnОваа есен слободно поиграјте си со боите на вашиот плашт и заедно со него облечете целосно црна дневна комбинација. На овој начин ќе изгледате доста модерно и атрактивно, но и ќе внесете малку боја во мрачниот есенски ден.rnrn
rn
4. Плашт како фустан
rnДоколку не сакате слоевито облекување, тогаш имаме вистинско и практично решение за вас, а тоа е плашт што може да се носи како фустан. Тој може да биде подолг или пократок, а ако се одлучите и за модел со ефективни шари, ќе постигнете одлични резултати.rnrn
rn
5. Случајно префрлена марама
rnИскористете ја својата омилена марама како плашт, со цел да внесете малку „фазон“ во своето облекување. Односно, со фармерките и класичната кошула слободно може да искомбинирате и марама што ќе ја префрлите преку едното рамо, додека другиот крај од неа слободно ќе ви паѓа над грбот. Верувајте ни на зборот, ќе се воодушевите од ефектот кој ќе го создадете.rnrn
rn
6. Долг плашт и долг фустан
rnСе сеќавате на Дизни принцезите во долги фустани и долги плаштови? Ете уште еден предлог за вашиот дамски изглед, бидејќи со оваа дневна комбинација со сигурност ќе изгледате како јунакиња од вашата омилена бајка.rnrn
rn
7. Марама која е надополнета со каиш
rnДоколку немате класичен плашт, тогаш можете да се послужите со интересна марама која ќе ја надополните со каиш. За да го постигнете посакуваниот ефект, изберете марама со средна должина, изработена од подебел материјал и не премногу голем каиш, за таа да биде во центарот на вниманието.rnrn
rn
8. Елегантен плашт и фармерки
rnВеќе знаете дека есента е добро време за експериментирање со својот стил, па затоа еден од нашите денешни предлози е токму комбинацијата на елегантен вечерен плашт и фармерки. Помалку е атипичен, но доколку заедно со оваа комбинација облечете високи потпетици ќе изгледате неверојатно гламурозно и елегантно. Испробајте и нема да се покаете.rnrn