КАФЕ ПАУЗА

Филм: Мрачни умови (The Darkest Minds)

Written by

in

,
По застрашувачка чума што убива 90% од децата под 18 години, оние што преживуваат добиваат неверојатни моќи и способности

rnРежија: Џенифер Ју НелсонrnrnУлоги: Амандла Стенберг, Харис Дикинсон, Скајлан Брукс, Миа ЧекrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnПремиера: 3 август 2018rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=tN8o_E_f9FQ&t=44srnrnАко сте расположени за уште една добра филмска адаптација на книга за млади возрасни, тогаш оваа научно фантастична дистопија ќе ви дојде како одличен викенд филм за уживање со најблиските. Приказната започнува со чума што ги напаѓа само децата, од која ќе преживеат многу мал процент, околу 10%. Тие што ќе преживеат се засекогаш сменети, бидејќи добиваат уникатни моќи според кои се класифицирани во пет категории – зелена, сина, жолта, портокалова и црвена. Боите доаѓаат од нивните очи, додека тие ги користат своите моќи.rnrn rnrnДецата од зелената категорија се сметаат за најмалку опасни, бидејќи тие се само екстремно паметни, особено во областа на природните науки. Оние во сината категорија имаат способност за телекинеза, а во жолтата за електрокинеза, односно контрола на струјата. Тие се наоѓаат малку повисоко на степенот за безбедност, поради можноста да направат штета, но сепак, им се дозволува да живеат. Портокаловите и црвените пак, се убиваат на лице место, бидејќи едните имаат моќ за контрола на умот, а другите – способност за пирокинеза, односно контрола на огнот.rnrn rnrnБидејќи владата не знае како да се справи со децата, тие се носат во специјални кампови каде што се прават секаков вид истражувања на нив со цел да се најде лек. Но, шест години подоцна, ништо не е сменето. Поголемиот дел од децата што преживеале живеат во кампови или пак, се обидуваат да преживеат на отворено, бегајќи од ловците што постојано се обидуваат да ги вратат назад во камповите за парична награда.rnrn rnrnДејството се врти околу Руби (Амандла Стенберг), портокалова девојка со неверојатно силна моќ, што успеала да ги измами научниците и војската дека е зелена за да се спаси. Но, откако ќе ја откријат вистината за неа, една од докторките ќе ѝ помогне да избега, по што ќе се најде со мала група деца, Лијам (Харис Дикинсон), кој е син, Чабс (Скајлан Брукс), кој е зелен, и Зу (Миа Чек) која е жолта. Заедно, тие ќе се обидат да си најдат безбедно место за живеење, додека истовремено, ќе ни дозволат и да ѕирнеме во нивните животи, како и да дознаеме што сè требале да направат за да преживеат.