КАФЕ ПАУЗА

Тест од 2 прашања што ќе го промени вашето онлајн однесување

Тест од 2 прашања што ќе го промени вашето онлајн однесување

Written by

in

,

Живееме во период кога онлајн светот често е помоќен и поголем од реалниот свет. Се најавуваме на работа, во банка, во продавница, се забавуваме и се поврзуваме со луѓето ширум светот.rnrnТест од 2 прашања што ќе го промени вашето онлајн однесувањеrnrnНо Интернетот е и непредвидливо место каде што анонимноста се злоупотребува. Постојат луѓе кои се „тролови“, кои малтретираат, кои објавуваат лажни вести или засрамувачки видеа кои можат да направат вистинска штета некому.rnrnОва го прави Интернетот ризично и небезбедно место, особено за деца кои се приклучуваат кон дигиталниот свет уште од многу рана возраст. Опасностите од онлајн светот станаа проблем и мораме да ги научиме помалите генерации да се справуваат со нив.rnrnБлејк Флај одржал мотивационен говор пред мали деца и им покажал едноставен тест од 2 прашања кој ќе им помогне во онлајн светот:rnrn1. Дали е вистина?rnrn2. Дали е добро?rnrnАко не сте сигурни дали она што ќе го објавите е вистина, немојте да го објавувате. Ако е вистина, запрашајте се дали е добро или навредува некого. Ако е добро, објавете го. Иако овој совет е направен за деца, можат да го применат и возрасните. Ова се неколку причини зошто овие прашања можат да ви го променат животот.rn

1. Она што го правите онлајн има влијание на целите во реалниот живот

rnВашето онлајн минато може многу лесно да ве прогонува. Замислете си дека сте напишале злобен коментар на нечија фотографија или видео. Години подоцна, долго откако сте заборавиле на коментарот, потенцијалниот работодавач го пребарува вашето име на Интернет. Кога тогаш, вашето име ќе се појави заедно со линк до вашиот коментар. Работодавачот сигурно нема да биде импресиониран и може да одлучи воопшто да не ве најми.rnrnАко знаете дека сте се однесувале лошо на Интернет, пребарајте го вашето име за да разгледате што ќе се појави. Избришете сè што може да има лошо влијание на вашата репутација.rn

2. Ако сте добри онлајн, ќе ви се промени животот

rnЗнаете дека дигиталниот свет е тесно поврзан со реалноста, па добрината што ја покажувате онлајн ќе ви помогне да станете подобра личност. Ќе создадете можност да се поврзете со подобри луѓе, да споделите вредни искуства и да создадете безбедно место за децата. Бидете личноста којашто сакате сите кои се онлајн да бидат. Водете со пример и ќе привлечете следбеници кои ќе се инспирираат да го направат истото.rnrnБез разлика што ќе одлучите да споделите со светот, не заборавајте дека тоа може или да ве повреди, или да ви ги зголеми шансите за достигнување на вашите цели. Покажете добрина кон онлајн заедницата, научете ги децата да го прават тоа и набљудувајте ги позитивните резултати.rnrnПогледнете ги и овие едноставни совети за онлајн безбедност.