Новото селфи: Како да ги фотографирате вашите нокти за на Инстаграм?

Сподели

Благодарение на еден од најпопуларните хаштагови на Инстаграм, #manicure, имаме можност да разгледуваме низ повеќе од 5 милиони фотографии кои ни ги прикажуваат најновите трендови во средувањето на ноктите, од изборот на бои и самиот изглед на ноктите, па сè до разните трикови со помош на кои тие можат да се разубават. Сепак, доколку и вие сакате да се пофалите на Инстаграм со својот нов маникир, треба да знаете дека се важни и условите во кои се фотографираат ноктите, со цел вашето ремек-дело да се прикаже во најдобро светло. Ви ги претставуваме 4-те најважни совети кои ќе ви помогнат да правите подобри селфи фотографии од вашите нокти.

Реклама

rn

1. Осветлување

rnКако и за повеќето фотографии на Инстаграм, суштината е во природното осветлување. Кога ги фотографирате своите нокти позиционирајте се покрај прозор или излезете надвор.

rn

2. Позадина

rnДланката поставете ја врз некоја интересна ткаенина за да ѝ додадете малку боја на вашата фотографија. За таа цел можете да го употребите вашиот омилен џемпер, тапет или перница, но водете сметка дезенот да не го одвлекува вниманието од вашиот маникир.

rn

3. Аксесоари

rnНе заборавајте да наредите повеќе тенки прстени или филигрански алки. Интересниот накит е одраз на вистински стил.

rn

4. Близина

rnИако многумина се плашат од блиски кадри, искусните Инстаграмџики предлагаат да фотографирате од зглобовите на прстите па нагоре кон маникирот. Исто така во раката може да држите некој предмет, за да не ви изгледаат прстите чудно. Секако, шишенцето со лак е најлогичниот и добар избор.

Најново

Може ќе ве интересира