Автор: Теодора ТрповскаrnrnВолтер Брунинг има 114 години и е најстариот човек во светот. Бидејќи сите се стремиме кон подолг и здрав живот, прочитајте кои се шесте работи кои Волтер Брунинг нескромно ги споделува со сите.
rn
1. Не прејадувајте се
rnБрунинг вели:rnrn
„Јас јадам само два пати во денот.“
rnНеговиот избор се појадокот и ручекот. Вечерата ја избегнува веќе 30 години.rnrn
„Луѓето не треба да јадат многу.“
rn
rn
2. Јадете здраво
rnНеговиот омилен оброк е џигер со кромид. Тој е обожувач на овошјето.rnrn
„Јадам многу овошје.“ Омилени ми се бананата и портокалот.“
rnЉубовта на Волтер кон овошјето му е добро позната и на градоначалникот на Монтана, Брајан Швајцер, кому за неговиот роденден му подарил кошница со овошје. Волтер вели дека овошјето е клучот на неговото добро здравје и освен тоа што пие по едно апче аспирин секој ден, тој никогаш не примал никакви лекови.
rn
3. Бидете љубезни кон луѓето
rnБрунинг волонтирал во клубот Шринер се до неговата 99-та година.rnrn
„Бидете љубезни кон другите. Важно е да правите нешто добро за луѓето околу вас.“
rn
4. Бидете дружељубиви
rnrn
„Сакам да зборувам со луѓето“
rnБрунинг добива стотици писма од многу луѓе низ светот. Понекогаш дури и го посетуваат во пензионерскиот центар во кој престојува. Посетителите со него разговараат за неговиот живот и внимателно го слушаат овој мудар старец.
rnrn
5. Активирајте ги вашите тело и мозок
rnЗаради неговиот слаб вид, Волтер не може да чита весници, но затоа слуша радио.rnrn
„Секогаш активирате го вашиот мозок без оглед колку години имате.“
rn
6. Работете напорно
rnrn
„Работете се додека можете. Напорната работа нема да ве убие. Социјалното осигурување нема да трае вечно. Луѓето имаат многу пари, но ги трошат на автомобили. Тие пари треба месечно да ги штедат.”
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
