Некои стресот го нарекуваат модерна болест, но неспорно е дека многу луѓе патат од него. Ние сме свесни дека стресот е главниот непријател на нашето здравје и добриот изглед, но многумина го прифаќаат како нешто нормално и не се обидуваат да го намалат неговото штетно дејство. Меѓутоа, дневната изложеност на стрес придонесува за создавање негативни последици врз нашето здравје.rnrnПостојат многу начини за да се намали напнатоста, a еден од најважните од нив е здравиот избор на храна. Па затоа, правилната исхрана и консумирањето на одредени производи може да го намалат стресот и неговите лоши последици.rnrn
rn
1. Целер
rnЦелерот има голем спектар на смирувачки ефекти. Студиите покажале дека консумирањето на 4 стебленца целер дневно може да го намали крвниот притисок, кој е еден од првите симптоми на стрес.rn
2. Лук
rnЛукот е користен повеќе од илјада години поради неговите антибактериски, антивирусни и антидепресивни својства. Овие својства ќе ви помогнат да ја намалите воспаленоста, a тој влијае и на циркулацијата на крвта, го одржува нивото на шеќер во крвта и ја поттикнува детоксикацијата на организмот. Сите овие својства се симптоми на стрес.rn
3. Лиснат зеленчук
rnВо лиснат зеленчук спаѓаат брокулата, карфиолот, зелката, кељот, кинеската зелка и ренот. Овие зеленчуци содржат сулфурни соединенија кои ги стимулираат ензимите кои се важни за сопирање и спречување на ширењето на канцерогените промени.rnrn
rn
4. Мрсна риба
rnСите видови мрсна риба, како што се скушата, лососос, пастрмката и сардината се богати со омега-3 масни киселини, магнезиум и цинк, кои имаат благотворно дејство на мозочните функции и здравјето на срцето и го намалуваат непосакуваниот ефект на стрес.rn
5. Камилица
rnПознато е дека чајот од камилица може многу да ви помогне за несоница, нервоза и стомачни проблеми. Камилицата исто така го зголемува нивото на хипурна киселина и ги спречува инфекциите (истата супстанца може да се најде во брусниците и боровинките).rn
6. Чоколада
rnДури и пред да започнат Европејците да додаваат шеќер во чоколадата, Ацтеките го пропагирале горчливиот вкус на какаото, поради неговите позитивни ефекти врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека 40 грама темна чоколада на ден може да ѝ помогне на личноста да се носи со стресот, додека истовремено го ослободува хормонот на среќата во мозокот, познат како бета-ендорфин.rnrn
rn
7. Ореви
rnОвие плодови се богати со витамин Б, цинк, магнезиум и омега-3 масни киселини – хранливи материи кои телото ги согорува кога сме вознемирени. Како извор на здрави масти, оревите го намалуваат апетитот, секако го балансираат нивото на шеќер во крвта, ја намалуваат желбата за слатки и му помагаат на метаболизмот.rn
8. Маслиново масло
rnМаслиновото масло е главна состојка во медитеранската исхрана. Докажано е дека може да помогне во спречувањето на депресијата и да помогне кај воспаленијата. Постојат докази дека маслото штити од оксидативниот стрес, кој е главната причина за срцеви заболувања.rn
9. Шумски плодови
rnШумските плодови се богати со антиоксиданси кои помагаат во циркулацијата, функциите на мозокот и го спречуваат предвременото стареење на кожата, често предизвикано од хроничен стрес. Шумските плодови содржат и еден вид киселина – супстанца која помага да се исфрлат токсините од телото и го регулира холестеролот и хормоните кај жената.rnrn