Животот на секое човечко суштество е исполнет со постојани пречки кои му овозможуваат на човекот да ги негува неговата волја, решителност и аналитичко размислување. Ние учиме од секоја непријатна ситуација во која ќе се најдеме. Затоа најдобро е да ја согледаме целата слика пред да почнеме со решавање на проблемот. За да дојдеме до идеалното решение мора прво да го разбереме предизвикот. Тоа било мотото на Ајнштајн. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го најдете излезот од секоја комплицирана ситуација.rnrn
rn
Поинаку дефинирајте го проблемот
rnГлавниот менаџер на Тојота побарал од неговите работници да смислат начини како да ја зголемат нивната продуктивност на работното место. Како одговор добил само збунет молк. Потоа ја преформулирал задачата и им кажал да најдат начин како нивната работа да не биде толку напорна. Следувала низа интересни предлози. Ова докажува дека вистинскиот избор на зборовите има голема улога во проценувањето на проблемот. Кога ќе се соочите со тешка задача, формулирајте ја на начин кој ќе ви биде разбирлив и прецизен.rn
Согледајте го проблемот од птичја перспектива
rnЕднаш, еден голем камион се заглавил под низок мост. Пожарникарите, полицајците и другите служби за итни случаи пробале сè што е возможно и невозможно за да го тргнат возилото, но без успех. Возачот веќе почнал да очајува кога еден ученик кој случајно поминувал дал генијално едноставно решение: Зошто да не се испушти воздух од гумите на камионот? Секој нов предизвик е мал дел од нешто поголемо. Исто како што можете да му пристапите на проблемот од различни страни, можете да го согледате и од различни висини. Секогаш кога ќе почнете да се чувствувате како да тонете во малите проблеми, притоа заборавајќи на главниот проблем, обидете се да ги занемарите деталите и да ја согледате целата ситуација од погенерален аспект.rn
Поделете го проблемот на целини
rnОбидете се да го поделите проблемот на помали задачи, секоја од нив попрецизно определена од главниот проблем. Ова ќе ви помогне подобро да ја разберете ситуацијата во која се наоѓате.rn
Размислете како би можела понатаму да се одвива ситуацијата
rnПред да почнете да го решавате проблемот, прво размислете како сè би можела да се одвива ситуацијата понатаму. Обидете се да ги предвидете сите можни последици и на тој начин ќе добиете прекрасна можност да најдете решенија кои би ги задоволиле сите можни аспекти.rnrn
rn
Користете ефективни зборови
rnПостојано мотивирајте се себеси. Повторувајте си ги придобивките кои ќе произлезат од решението што ќе го најдете за проблемот. Постои голема разлика помеѓу речениците „Ќе ги откажам цигарите“ и „Ќе си го продолжам животот“.rnrnИсто така, од голема помош ќе ви биде ако го формулирате проблемот како прашање. Човечкиот мозок обожава загатки. Кога проблемот е претставен во форма на интересно прашање, нашиот мозок постојано го бара одговорот дури и тогаш кога не сме свесни за тоа.rn
Направете проблемот да изгледа фасцинантно
rnБидете во добро расположение кога ќе го формулирате проблемот. Направете задачата да изгледа привлечно и интересно. Една работа е да си речете „Ќе направам блог“, а сосема друга е кога ќе си кажете „Ќе ги инспирирам читателите да имаат посреќен живот“.rn
Превртете ги работите
rnУште еден корисен трик е да пробате да го замислите најлошото што може да се случи ако не го решите проблемот како што треба. Ако сакате да победите, мора прво да го замислите можниот неуспех и причините што можат да доведат до тоа. Откако ќе успеете да го направите ова, полесно ќе ви биде да не ги повторувате истите грешки во вистинскиот живот.rn
Информирајте се добро
rnИстражете ги причините и последиците кои довеле до создавање на проблемот. Ако проблемот вклучува премногу неодговорени прашања, доаѓањето до фактите може да има многу поголем ефект од кој било обид да се најде решение веднаш. На пример, ако вашиот партнер ве обвинува дека не му посветувате доволно внимание со зборовите „Никогаш не ме слушаш!“, тешко е веднаш да се сетите на решение. Но, ако тој биде попрецизен и објасни „Кога зборуваме, никогаш не ме гледаш во очи!“, тогаш веднаш ќе знаете што треба да направите.rnrnКога ќе почнете да обрнувате повеќе внимание на тоа правилно да го формулирате проблемот, ќе видите дека тоа одзема повеќе време и енергија отколку самото решавање на проблемот. Меѓутоа, на тој начин несомнено е дека ќе дојдете до вистинското решение и целиот труд ќе ви се исплати.