Стилски совет за мажи чија коса почнала да се проретчува

Сподели

Порано или подоцна косата кај секој маж почнува да се проретчува. Првичната паника многумина се обидуваат да ја решат со промена на фризурата на тој начин што се трудат да го покријат делот кој почнал да се соголува, а тоа најчесто се залистоците. Стилистите советуваат дека тоа не е најдобриот прв чекор затоа што проретчениот дел и онака наскоро ќе почне да се покажува.

Тие велат дека најдобро е да ја скратите фризурата. На тој начин таа ќе привлекува помалку внимание, а истовремено ќе создаде илузија на бујност. Избегнувајте гел и слични продукти кои додаваат сјај на косата кој не ви е потребен, а можат и да ги соберат на купче слабите влакна и да изгледате како да имате помалку коса отколку што навистина имате.

Реклама

Ако веќе сакате да користите нешто, обликувајте ја само со средства кои што не даваат сјај и нанесувајте само малку со брзи движења напред-назад со прстите и дланките. Така со само мала количина од средството ќе ја обликувате фризурата и рамномерно ќе ја распоредите по неа.

Ако, пак, косата ви се проретчува само од напред, најдобро ќе биде да ја чешлате на едната страна, а не да ја пуштате напред. На таков начин ќе покриете еден од проретчените делови и косата ќе изгледа побујна.

Реклама

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Најново

Може ќе ве интересира