Четвртина час. Доволно за правење смуди, разговор со пријателка и најважно од сѐ, доволно време за промена на животот. Сите сонуваме да имаме уреден дом, да вежбаме минимум пет пати неделно и секое утро да готвиме, но времето воопшто не е на наша страна или пак ние не знаеме да го користиме? Според книгата „15 Minute Rule: How to stop procrastinating and take charge of your life“ од Каролин Бучанан, сите ги имаме тие 15 минути само треба да ги пронајдеме во нашите пребукирани распореди.rnrn
rn
Прв ден: Престанете да одложувате, започнете да работите
rnПочетоците на нови нешта секогаш претставуваат голем предизвик. Мислите постојано ви пролетуваат на сите неодговорени мејлови, што има на Инстаграм и сл. Време е да заборавите на безделничењето и да се фокусирате на задачите пред вас.rnrnПрво правило од книгата е да ги спречите збрканите мисли да ви се врткаат низ главата и едноставно да го направите нештото. Почнете од финансиите. Голем број луѓе не можат да заспијат навечер размислувајќи за своите долгови, кредитни картички и плаќање на сметките. Навидум сето тоа ви изгледа како многу напорно, па го оставате за „друг ден“, но тој никако да дојде.rnrnБучанан, од друга страна е непоколеблива: „Сите имаме теми кои не би сакале да ги започнеме, но важно е да се соочите со нив“ – посветете им 15 минути, со целосен фокус, без пречки и ќе успеете сѐ да завршите. Затоа притиснете старт и започнете да ги организирате финансиите. Откажете се од телефонот и интересните апликации што ги имате на него барем на 15 минути и работете концентрирано.rn
Втор ден: Промена на навиките
rnФакт е дека вежбањето ретко на кого му е омилена активност, но поради него сме здрави и се чувствуваме убаво потоа. Сепак, според овие правила дозволени се само кратки и брзи вежби – што значи високо интензивни кардио вежби т.е. комбинација од голем напор во мали временски интервали. Ова ќе ви ја зголеми кондицијата и ќе ви го зајакне метаболизмот.rnrnСпоред професорот Џејми Тимонс од Универзитетот Лоубороу во Велика Британија, кратките и напорни вежби ги подобруваат аеробните способности и го намалуваат ризикот од дијабетес. Затоа, подгответе се и пробајте високо интензивен тренинг. Освен што ќе го подобрите здравјето, на овој начин ќе имате многу повеќе време за останатите активности од денот.rn
Трет ден: Промена во исхраната
rnКога веќе ќе се уверите во моќта на 15-минутното правило, можете да почнете да го применувате и во други сфери од животот – исхраната. Сите сме склони кон вкусните, но сепак нездрави оброци. Според 15-минутното правило, во ред е да го изедете нештото само ако го посакувате повеќе од 15 минути. Вообичаено додека поминат тие кобни 15 минути, вие веќе ќе имате заборавено на храната. Ова е така затоа што е многу полесно да одолеете ако знаете дека нештото не ви е забрането.rnrnПробајте да готвите во рок од 15 минути. Најбрзо што можете одберете некој лесен рецепт, ставете престилка и откријте ги кулинарските тајни. Не го поминувајте времето ѕверејќи се во фрижидерот и прашувајќи се што да готвите. Носете брзи одлуки кои ќе ви го променат животот на подобро.rn
Четврти ден: Работете паметно
rnСо новиот пристап кој веќе го откривте, добро организирајте го времето и одредете по 15 минути за секој чекор од работата. Дајте си неколку минути одмор за да испиете кафе или да погледнете што има на Фејсбук, но потоа повторно вратете се на работа. Кога го мерите времето ќе бидете многу поефикасни, а нема ни да пропуштите ништо ново на социјалните мрежи.rn
Петти ден: Расчистување
rnКако и сите смртници на планетава, и вие сте мрзеливи да средите некој дел од вашиот живот, без разлика дали станува за простор или за некој проблем кој долго сте го одложувале. На пример, размислете како би изгледало кога би ја средиле градината. Убава глетка нели? Е па време е да се фатите за работа. Искористете ги тие 15-тина минути за барем малку да ја расчистите градината или некој друг дел од куќата. Доволни се само 15 минути дневно за да успеете сѐ да постигнете.rn
Како да го искористите 15-минутното правило денес:
rnЈавете се. Не трошете време на допишување на комплицирани теми. Наместо тоа, јавете се. Побрзо ќе го добиете одговорот и побрзо ќе можете да преминете на следната активност од денот.rnrnНајдете време за себе. Одвојте еден период од денот за некој вид медитација или релаксација која ќе ве опушти и ќе ви даде енергија за да продолжите.rnrnИспразнете ја торбата. Ослободете се од старите сметки, потрошените кармини и сите залутани работи кои буквално и психички ве влечат надолу. Потребни се само неколку минути за да го сторите сето ова, а чувството потоа е феноменално!