„Glass hair“, или на нашки, Стаклена коса, е новиот хит помеѓу девојките во Холивуд. Оваа фризура, секако, нема никаква поврзаност со самото стакло. Всушност, нејзиното име дошло поради изгледот на косата што делува баш како таа да е стаклена.rnrn
rnrnОваа фризура се карактеризира со свилена коса и остри врвови, што изгледаат толку сјајно што некој би помислил дека влакната се направени од стакло. Иако овој ефект може да се постигне со коса на различни должини, сепак најчесто се забележува на боб и лоб.rnrn
rnrnСе верува дека овој тренд е започнат од страна на фризерката Џенифер Јапез уште пред неколку месеци, но станала популарна дури откако дел од најпознатите дами почнале редовно да ја носат. Така, со неа можете да ги видите Џена Деван, Ким Кардашијан, како и Оливија Кулпо.rnrn
rnrnПа, што мислите вие за оваа фризура? Дали ве инспириравме доволно за да го посетите вашиот фризер и да направите интересна и впечатлива промена во стилот?rnrn
rnrnМодна инспирација: 3 уникатни комбинации што можете да ги „украдете“ од Џенифер Лопез.
Стаклена коса – новата омилена фризура на најпознатите холивудски дами
