КАФЕ ПАУЗА

Справете се со вашиот неправеден шеф

Справете се со вашиот неправеден шеф

Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn.rn

Реагирање на вашиот неправеден шеф

rnШто треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?rnrnНекоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.rnrnШто друго некоректно прават шефовите?rn

    rn011

  • Праќаат имејл со лични напади
  • rn011

  • Комуницираат со сарказам или задевање
  • rn011

  • Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
  • rn011

  • Ги игнорираат вработените
  • rn

rnСите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn

    rn011

  • Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
  • rn011

  • Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
  • rn011

  • Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.
  • rn

rnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn.rn

Пријавување на неправеден шеф

rnАко вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.rnrnНо, претходно треба да се подготвите:rn

    rn011

  • Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
  • rn011

  • Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
  • rn011

  • Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
  • rn011

  • Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.
  • rn

rnПред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrnСправете се со вашиот неправеден шеф