Постојат уметници кои ги рушат сите граници и достигнуваат нови за кои не сме биле ниту свесни дека постојат. Без оглед на тоа дали користат масло, акрилни бои, јаглен, пенкало или обичен молив, тие создаваат толку реалистични уметнички слики што буквално не постои разлика меѓу нив и обичните фотографии. Благодарение на нивната упорност и талент, овие уметници создаваат нешто многу импресивно што може да послужи како вистински прозорец кон еден алтернативен свет обликуван според нивната уметничка визија. Погледнете ги следниве уметнички дела кои несомнено ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе ве остават без зборови…rn
Диего Фацио
rn
rnrnДиего почнува со цртање од едната страна на платното и полека продолжува да се движи понатаму. Користи обичен молив и јаглен. Му биле потребни 200 часа за да го заврши ова дело.rn
Омар Ортиз
rn
rnrnОмар толку добро знае да си игра со боите, светлото и сенките, што тоа станало негов главен заштитен знак. Тој поседува неверојатна способност совршено да ја пренесе на платно секоја линија и форма на човечкото тело.rn
Грегори Тилкер
rn
rnrnГрегори Тилкер ги создава неговите „дождливи“ слики со помош на водени и маслени бои при што ги користи само неговите раце. Доколку внимателно се загледате во неговите слики, ќе се почувствувате како да патувате со автомобил на ладен, дождлив ден.rn
Рут Тајсон
rn
rnrnБританскиот уметник Рут Тајсон нема формално уметничко образование. Но, тоа не го спречува со неговиот уникатен талент да создава реалистични уметнички слики. Тој користи комбинација од графитни и акварелни моливи со обична боја.rn
Роберто Бернарди
rn
rnrnТешко е да се поверува дека уметничките дела на Роберто Бернарди не се направени со фотоапарат. Деталите кои ги содржат и нивната јасност се просто неверојатни.rn
Робин Елеј
rn
rnrnОвој уметник од Лондон создава огромни, реалистични дела со помош на масло. Честопати тој ги сокрива деловите на моделот кои не се покриени со облека и притоа користи полу-транспарентна пластична покривка за да постигне софистициран ефект.rn
Готфрид Хелнвајн
rn
rnrnГотфрид Хелнвајн користи акварелни бои за неговите дела. Тој работи како уметник, фотограф и скулптор. Не неговите таленти им нема крај!rn
Винсент Фантаузо
rn
rnrnДелата на австралискиот уметник Винсент Фантаузо се познати насекаде низ светот. Неговиот спектакуларен портрет на Хит Леџер бил насликан само неколку недели пред смртта на актерот.rnrnЗа да ги погледнете делата на останатите неверојатни уметници преминете на следната страна…rn
