На сите ви е добро познато дека полиестерот е материјал кој треба да го избегнувате во лето, бидејќи тој не ѝ овозможува на кожата да дише, а исто така ја задржува топлината. Но, дали знаете кои материјали се најудобни и најпријатни за во лето? Сега ќе ви откриеме и потрудете се тие да станат ваши најдобри пријатели за во лето.rnrn
rn
1. Лен
rnМногу пријатен материјал кој слободно може да го наречете „вентилаторот“ помеѓу материјалите. Му овозможува на вашето тело да дише и го спречува потењето. Има само еден недостаток – лесно и брзо се гужва, но тоа и не е толку многу важно во горештините.rn
2. Памук
rnОдличен избор на материјал за летните месеци. Еден од најпрозрачните материјали што постојат, не ја задржува топлината, т.е. ја впива влажноста од телото и го активира нејзиното испарување.rn
3. Кепер
rnНајчесто се произведува од памук или од неговите смеси и се смета за одлична замена за тексасот во лето. Ако и во летниот период не сакате да се откажете од носењето долги панталони, слободно изберете некој модел кој е направен од кепер бидејќи во него ќе се чувствувате многу поудобно.rnrn
rn
4. Вискоза
rnЕдно од најпознатите синтетички влакна кое настанува од остатокот на целулозните влакна и по својот хемиски состав е слично како памукот. Токму поради тоа вискозата е удобна за носење и го „лади“ телото.rn
5. Свила
rnПриродната ткаенина која дише и е позната по тоа што се прилагодува на температурите, односно во зима, таа ве топли а во лето ве лади. Иако не предизвикува потење, бидејќи е тенка и мека лесно се лепи на испотена кожа.rn
6. Шифон
rnСе изработува од различни смеси, а кога е направен од памук и свила претставува идеална ткаенина за изработка на облека за во лето. Најчесто се користи за изработка на фустани и блузи, бидејќи е многу растресен.
