Нутриционистите со децении наназад се обидуваат да нè убедат дека ова е најдобриот можен појадок со кој можеме да го започнеме денот. Овесната каша е појадок кој никогаш нема да ве остави со празен желудник, а готова е за само 5 минути. Чинија која обилува со хранливи влакна кои го поттикнуваат варењето, го урамнотежуваат шеќерот во крвта и го јакнат имунитетот, ја споивме со слатки и здрави додатоци за никогаш повеќе да не посакате да го прескокнете појадокот во текот на работната недела. Овој појадок е уште похранлив ако изберете овесна каша со чиа семе, бидејќи тоа е едно од најпрепознатливите претставници на здравата храна.rnrn
rn
1. Овесна каша со чоколадо во комбинација со путер од кикиритки
rnКашата со чоколадо и чиа семе помешана со путер од кикиритки е вистински десерт за почетокот на неделата. Со овесната каша која се наоѓа на листата на најздрави намирници, путерот од кикиритки со своите здрави масти ќе ве подготви за уште еден успешен понеделник.rnrn
rn
2. Овесна каша со малини во комбинација со фстаци и павлака
rnМалините сами по себе се идеални за губење на вишокот сантиметри околу струкот и колковите, а овесната каша со малини и чиа семе долго време ќе ве држи сити. Оваа комбинација помага во намалувањето на дневното внесување калории и во целта до посакуваната тежина. За сите оние кои сакаат хранлив, а пријатен појадок, предлагаме да додадете и павлака која е полна со протеини, а целата смеса да ја посипете со фстаци кои се моќен сојузник во забрзување на метаболизмот.rnrn
rn
3. Овесна каша со јаболка и цимет во комбинација со банана и јогурт
rnОвесната каша со зимски вкус и мирис на јаболка и цимет е идеална за деновите кога ви е потребна утеха за да издржете до викендот. Во овесната каша наједноставно е да додадете банана која е чест гостин во многубројни овесни појадоци. За да не остане само на тоа, во чинијата додајте и јогурт. Бидејќи стресот и лошата исхрана може да ја нарушат рамнотежата во организмот, многу е важно дополнително да земате пробиотици кои се наоѓаат во јогуртот.rnrn
rn
4. Овесна каша со брусница во комбинација со посно сирење и јаворов сируп
rnЕдно од најздравите шумски плодови, брусницата, ви предлагаме да ја комбинирате со посно сирење кое има мала калориска вредност и јаворов сируп, еден од најздравите засладувачи.rnrn
rnrnПогледнете зошто за овесната каша се вели дека е појадок за слабеење и одржување на ситост во текот на целиот ден.