КАФЕ ПАУЗА

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае денешното затемнување на Месечината?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае денешното затемнување на Месечината?

Денес напладне нè очекува затемнување на Месечината во Бик. Уште едно затемнување е пред нас. Астролозите истакнуваат дека е време е за храброст и јасни одлуки. Што навистина сакате и што ви треба? За какви промени копнеете? Наместо претерано да размислувате и анализирате, препуштете ѝ се на енергијата на Бикот која ве повикува да ги следите вашите инстинкти. Така, ставете крај на врската доколку ве прави несреќни или забавете со работата ако таа ве исцрпува.rnrnНа кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае денешното затемнување на Месечината?rnrnНе заборавајте дека животот не е комплициран. Затоа бидете едноставни и трпеливи. Во продолжение прочитајте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината.rn

Бик

rnОва затемнување ќе ви донесе нови промени, туркајќи ве надвор од вашата удобна зона и на тој начин принудувајќи ве да почнете да креирате нови планови. Можно е да направите нешто тотално непредвидливо (или да доживеете нешто сосема очекувано). Кога ќе се случи затемнување во вашиот хороскопски знак, тоа значи дека сте достигнале одредена лична пресвртница. Меѓутоа, крајот на едното поглавје значи и почеток на следното. Но, пред крајот, треба да ги решите старите проблеми и недоразбирања. Затоа, дајте си време и со нови сили фокусирајте се на следната фаза од вашето животно патување.rn

Лав

rnДали во последно време ве мачат одредени аспекти од вашата кариера? Дали се чувствувате подготвени за нешто ново? Затемнувањето на Месечината што се случува во вашата 10-та куќа на кариерата може да ве наведе да пробате нешто сосема друго на работа. Може дури и да се изненадите со промена на кариерата, прифаќање унапредување или напуштање на работата. Што и да се случи, тоа ќе ја отвори вратата за уште повеќе можности во иднина.rn

Скорпија

rnИма ли личност во вашиот живот на која често мислите во последно време? Оваа личност може да биде вашиот партнер, најдобриот пријател, деловен партнер или дури и вашиот најголем непријател. Кој и да е, ова затемнување ќе ве поттикне да го подобрите односот со таа личност. Како можете да ги изразите своите чувства? Што можете да направите за да го подобрите нивото на хармонија во односот со другите?rn

Водолија

rnОва затемнување особено ќе влијае врз вашиот однос кон домот и семејството. Со други зборови, можеби ќе ве поттикне да го средите домот, да ги подобрите односите со роднините или да ја продлабочитета врска со вашите корени и предци. Се разбира, домот не е секогаш физичко место, туку состојба на умот. И во вашиот живот, луѓето, местата и работите што прават да се чувствувате како дома веројатно ќе се променат. Што ви е потребно за да се чувствувате дека вистински припаѓате во одредена средина? Дали моментално уживате во емоционалната и физичката безбедност на вашиот дом? Ова затемнување ќе ве поттикне да размислувате за овие прашања.rnrnОткако прочитавте за влијанието на затемнувањето на Месечината, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во ноември во поглед на финансиите.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs