Сигурно некогаш ви се случило да ви недостасува мотивација и ентузијазам за реализирање на вашите соништа и цели. Еве ги вообичаените причини за вашиот недостаток на мотивација и како можете да ги надминете.rnrn
rnrnКога ви недостасува мотивација, станувате пасивни, несреќни и не остварувате никаков напредок. Од друга страна, мотивацијата и ентузијазмот се движечките сили кои ве поттикнуваат да преземете акција и да ги следите целите. Дали често се прашувате зошто ви недостасува мотивација?rnrnНе можете да ги обвинувате другите луѓе ако ви недостасува ентузијазам да дејствувате и да ги следите целите. Треба да најдете начин да се мотивирате. Недостатокот на мотивација и ентузијазам е ситуација која може да се појави во секој аспект од животот, дома, на работа, во односите со другите, во остварувањето цели и во сè друго. Ова често создава рамнодушност, несреќа и незадоволство.rn
Причини за недостаток на мотивација и ентузијазам:
rn1. Недостаток од самодоверба во поглед на сопствените способности.rnrn2. Страв од неуспех поради неуспех во минатото.rnrn3. Страв од она што другите би можеле да го кажат.rnrn4. Навика за одложување.rnrn5. Мрзеливост.rnrn6. Чувството или верувањето дека има други поважни работи што треба да се направат.rnrn7. Присуство на стрес и нервоза.rnrn8. Недостиг на инспирација.rnrnМожете да научите да ги надминувате и игнорирате горенаведените причини со тоа што ќе станете свесни за нив и ќе ги признаете.rnrnПонекогаш, постојат кратки моменти на мотивација или ентузијазам. Почнувате да се однесувате ентузијастички, но губите интерес и мотивација по некое време бидејќи ви е тешко да ја одржите.rnrnАко сакате да го подобрите вашиот живот потребен ви е поттик за следење на вашите големи соништа, а исто така и за извршување на помалите секојдневни задачи и задолженија. Во спротивно, нема да можете да им се спротивставите на мрзеливоста, одолговлекувањето и недостатокот на енергија и волја кои кога-тогаш ќе се појават.rnrnНаместо да страдате, да се чувствувате непријатно и пасивно, би било многу подобро да создадете доволно мотивација за да преземете акција и да правите работи. Ова ќе направи да се чувствувате многу подобро, среќно и задоволно.rn
Откријте каде ви е потребна мотивација
rn1. Треба да размислите и да откриете во кој аспект од вашиот живот се соочувате со недостаток на мотивација. Ова значи да откриете што навистина ви е важно и кои активности треба да ги следите, за да го подобрите вашиот живот, но и животот на луѓето околу вас.rnrn2. Размислете и откријте кои се вашите вистински цели во животот, но не заборавајте да го фокусирате вашето внимание и на малите нешта.rnrnРазмислете за вашиот секојдневен живот, за вашата работа, за работите што треба да ги правите, задачите и целите и запрашајте се каде имате енергија, а каде ви недостасува. Онаму каде што има недостаток на енергија и ентузијазам, тоа е местото каде што треба да се фокусирате, да се обидете да ги пронајдете причините и да преземете акција за да ја поправите ситуацијата.rn
Надминување на недостатокот на мотивација и ентузијазам во секојдневниот живот
rnПравењето мали, или не толку важни работи, кои обично ги избегнувате, може да ви помогне да ја зголемите вашата внатрешна сила. Кога ќе порасне вашата внатрешна сила, ќе можете да си наметнувате себеси и поголеми задачи, дури и ако не сте доволно мотивирани.rnrnЕве неколку примери:rnrn1. Сега измијте ги садовите наместо подоцна.rnrn2. Сега фрлете го ѓубрето наместо подоцна.rnrn3. Исклучете го телевизорот и излезете да прошетате.rnrn4. Исчистете го вашето работно биро.rnrn5. Сега почнете да ја читате книгата која веќе подолго време сакате да ја прочитате дури и ако во моментов сакате да правите други работи.rnrnОва ќе ја зголеми вашата внатрешна сила и способноста да престанете да бидете пасивни.rnrnЕве една корисна вежба:rnrnПосветувајте неколку минути дневно визуелизирајќи се себеси како правите нешто што сакате да го направите, но немате ентузијазам и енергија да го правите тоа. Замислете се себеси како делувате ентузијастички и енергично. Повторете го ова ментално сценарио од ден на ден.rnrnАко целосно го насочите вашето внимание на оваа вежба вашиот потсвесен ум постепено ќе ја прифати менталната слика како реална и ќе разбуди ентузијазам во вас.rnrnОткако прочитавте за нашите совети во врска со недостатокот на мотивација и ентузијазам, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мотивацијата е една од најмоќните алатки што може да ја поседува секој од нас.rnrnИзвор: themindsjournal.com
