Мотивацијата е важна движечка сила во животот на секој од нас. Влијае врз речиси сите аспекти од нашите животи, без разлика дали станува збор за големи или мали, безначајни нешта.rnrn
rnrnПостојат два типа мотивација: надворешна и внатрешна. Надворешната мотивација е насочена кон постигањето некаков исход, најчесто награда. Внатрешната, пак, се однесува на внатрешниот нагон за постигање успех или цел. Според научниците, поефективен е вториот тип – внатрешната мотивација, а еве и зошто е тоа така.rn
1. Нè прави поупорни
rnСекој од нас е свесен за фактот дека патот кон успехот никогаш не е лесен и полн со пречки, неуспеси и предизвици. Една од најтешките работи кога се соочуваме со неуспех е да најдеме храброст, да заборавиме на тоа што се случило и да продолжиме понатаму.rn
2. Учењето кое е резултат на внатрешната мотивација е поефективно
rnХинтон Зиглер, американски писател и мотивациски говорник, напишал:rn
„Ако не сакате да учите, никој не може да ви помогне. Ако сте решени да учите, никој не може да ве спречи.“
rnНие лично сме одговорни за нашите успеси и волја за работа.rn
3. Подобро ги извршуваме обврските кога сме мотивирани
rnКога сме доволно мотивирани, се стремиме да го дадеме максимумот за секоја задача што ќе ја преземеме.rnВинс Ломбарди, еден од најпознатите тренери во историјата на американскиот фудбал, напишал:rn
„Совршенството е недостижно, но ако се обидеме да го достигнеме, ќе ја достигнеме извонредноста.“
rn
4. Мотивираните луѓе се борат докрај
rnМотивираните луѓе се оние кои продолжуваат да се борат со најтешките предизвици, наместо да се откажат и да си заминат.rn
4 техники за да останете мотивирани
rnСпоред научниците, постојат одредени психолошки техники кои можат да ви помогнат да останете мотивирани докрај.rn
1. Останете доследни докрај
rnРазликата помеѓу успешните и помалку успешните луѓе се состои во доследноста на напорот што го вложуваат. Успешните луѓе знаат дека е од непроценливо значење секој ден да работат на својот личен развој и да инвестираат во себе и своите знаења.rn
2. Поставете си нови предизвици
rnСоочувањето со нови предизвици не само што ќе ве направи похрабри туку и ќе ја зголеми вашата самодоверба. Покрај тоа, тие се клучниот елемент кога станува збор за напуштање на вашата удобна зона и се чекор плус кон остварувањето на вашите цели.rn
3. Немојте да го визуелизирате успехот
rnСпоред дел од научниците, поважно е да ги визуелизирате чекорите што ќе ги преземете за да постигнете успех. Секој од нив е подеднакво важен и неопходен за постигање на крајната цел.rn
4. Фокусирајте се на процесот, не на исходот
rnЗа да бидете успешни во она што го работите и доволно мотивирани, фокусот нека ви биде насочен кон самиот процес на остварување на целта. Ако не успеете да се концентрирате на работите кои морате да ги направите за да постигнете успех, никогаш нема да ја постигнете целта.rnrnОткако прочитавте за моќта на мотивацијата, можеби ќе сакате да прочитате и инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток.rnrnИзвор: lifehack.org