КАФЕ ПАУЗА

Како да го одредите вистинскиот облик на веѓи за вашето лице?

Сведоци сме на реалноста дека на некои девојки би требало да им ја забраниме употребата на пинцета, бидејќи претеруваат во кубењето на своите веѓи или воопшто ги немаат. Од друга страна пак, во модната индустрија се појавуваат многу манекенки со густи веѓи, па овој стил со голема брзина се враќа на модната и бјути сцена. Затоа денес, со помош на еден совет, ви откриваме како да го одредите вистинскиот облик на веѓи за вашето лице.rnrn1-kako-da-go-odredite-vistinskiot-oblik-na-vegji-spored-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rnrnЗемете обичен молив и држете го исправен покрај носот, но така што вашата почетна точка за двете веѓи да биде линијата која на сликата подолу е одбележана со број 1.rnrn2-kako-da-go-odredite-vistinskiot-oblik-na-vegji-spored-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rnrnВо текот на следниот чекор, наместете го моливот да формира линија од врвот на носот низ зеницата. Ова точка треба да ја означува највисоката точка на вашите веѓи.rnrnПри третиот чекор треба да го поставите моливот во позиција од ноздрата до аголот на окото и токму таа линија означува каде треба вашите веѓи да завршат.rnrnКога ќе го одредите обликот на вашите веѓи на овој начин не треба да се грижите за тоа како тие изгледаат ниту дали сте претерале со кубењето или пак не.