Шафраниката е растение за кое се верува дека било пронајдено во египетските гробници, а со векови се користело и во Кина. Денес, оваа билка првенствено се користи во вид на масло кое се цеди од нејзините семки, а кое благотворно делува врз кожата на лицето и го спречува стареењето.rnrn
rnrnКако што ви е добро познато, за да ја одржувате кожата на лицето здрава, убава и еластична, неопходна е добра хидратација, а тоа ќе ви го овозможи маслото од шафраника.rnrnМаслото делува како еден вид заштитна бариера на кожата што ја задржува водата во клетките. На тој начин, кожата е постојано хидратирана. Тоа е богато со линолеинска киселина, една од најважните масни киселини којашто благотворно делува врз изгледот на кожата и ги затегнува ќелиските мембрани.rnrnЛинолеинската киселина е важна бидејќи ги разнесува витамините А, Д, К, како и витаминот Е што е од големо значење кога станува збор за нега на кожата. Кога линолеинската киселина ќе дојде во контакт со себумот, масло кое природно се излачува од кожните жлезди, може да предизвика негово прекумерно лачење, а тоа пак доведува до затнување на порите. Затоа е важно да се знае дека маслото од шафраника делува превентивно врз појавата на акни и митесери.rnrnМаслото од шафраника е одлично средство за хидратација на кожата кое ќе го врати здравиот сјај на вашето лице. Освен тоа, ја одржува еластичноста на кожата и ја спречува појавата на брчки.rnrn
rnrnДоколку редовно го користите, смирувачките антиоксидантски дејства на маслото значително ќе го намалат воспалението и црвенилото на вашата кожа.rn
Мерки за претпазливост
rnМаслото од шафраника не треба да се зема како додаток за исхрана, но е сосема безбедно да се користи како состојка во козметички производи.rnrnОткако прочитавте како да го користите маслото од шафраника, можеби сакате да прочитате и како да го користите маслото од јојоба за третман на акни.