КАФЕ ПАУЗА

Оттргнете го чувството на вина од себеси

Оттргнете го чувството на вина од себеси

Written by

in

,

Кога сте обземени со чувство на вина, и најмала работа може да ви создаде фрустрација. Можеби ќе успеете да смените нешто од навиките и од вашето секојдневие, но сепак чувството на вина останува и ве кочи. На крајот се чувствувате безвредно и дека не го црпите максимумот од животот. Најдобар начин да го намалите стресот е да ја тргнете вината од себе најбрзо што можете. Прилагодувајќи го вашиот однос кон работите, ќе мора да направите позитивни промени.rnrnОттргнете го чувството на вина од себесиrn

Лоцирајте ја причината

rnПостојат безброј причини зошто можете да се чувствувате виновно. Можеби мислите дека не правите доволно за луѓето околу вас? Или сметате дека вашите цели се недостижни? Одвојте го реалното од интерното. Понекогаш сметате дека сте себични и мрзеливи, но кога ќе размислите што сè сте направиле во денот, ви станува јасно дека тоа е далеку од вистината.rn

Самопочитувајте се

rnДавајте си комплименти еднаш на ден за добрите работи кои ги правите. Можете да водите и дневник за моментите на кои сте најгорди. Секојдневните работи не ги сфаќајте здраво за готово и секогаш бодрете се за добро завршената работа.rnrnОттргнете го чувството на вина од себесиrn

Пронајдете си мантра

rnМантрите се едноставни фрази, на кои можете да се фокусирате, медитирате или молите. Пронајдете мантра што ви се допаѓа и која истовремено ве опишува и разоткрива. Тоа може да биде нешто во стилот: „Јас секогаш го давам најдоброто од себе, а тоа е сосема доволно“. Позитивната афирмација можеби ќе ви изгледа смешна на почетокот, но ставајќи се во таа позиција, можете да си помогнете, притоа зајакнувајќи ја врската со себеси на долг рок.rn

Што било, останува во минатото

rnОваа мисла е полесно да се каже отколку да се употреби во практиката, но навистина нема поента да се чувствувате виновни за работи кои се случиле во минатото. Поправете ги грешките од минатото во однос на другите и во однос на себеси и размислете како да ги подобрите работите во сегашноста и иднината.rnrnОттргнете го чувството на вина од себесиrn

Не правете услуга, ако таа никогаш нема да ви биде возвратена

rnИма разлика помеѓу практикувањето великодушност и тоа некој да ве искористува. Доколку постојат луѓе во вашиот живот кои ја искористуваат вашата добрина, подобро размислете за нив. Во таквите пријателства секогаш размислувајте што можете да направите заедно, а не еден за друг. Доколку сакате да му помогнете на пријател кој има некаква потреба од вас, секогаш однапред размислете дали вие ќе добиете нешто од тоа. Тоа не мора да е еднаква компензација, вечера или некој поклон, доволно би било едно искрено благодарам или фина честитка. Доколку не добиете ништо за возврат, не се стискајте да се побуните за тоа.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.