Лесно можете да ја офарбате косата дома, освен ако не сакате некоја подрастична промена на бојата на коса. Фарбата за коса од понова генерација, купена во аптека, е многу поефикасна и полесна за употреба. Овие фарби се лесни за нанесување и имаат помалку силни хемикалии кои ја оштетуваат вашата коса. Покрај тоа, новите регенератори што доаѓаат со нив се многу добри за обновување на кутикулите (надворешниот дел од косата) по фарбањето.rnrn
rn
Проверете дали сте алергични
rnПред да се офарбате, проверете дали сте алергични на фарбата за коса. Нанесете малку фарба и малку хидроген на прстот, протријте ја содржината и нанесете ја на делот од телото каде бојата нема да биде видлива. По половина час, исплакнете и почекајте 24 часа за да видите какви било реакции од фарбата.rn
Заштитете ја кожата на скалпот
rnСледната важна работа е да нанесете малку крем на лицето и вратот, што ќе создаде бариери за да спречите дамки на лицето по фарбањето. И, секако, придржувајте се кон насоките од пакувањето и следниве совети.rn
Опремете се со додатоци
rnЌе ви треба чешел за раздвојување на прамените, пластичен сад за мешање на бојата, огледалото за следење на задниот дел од главата и шноли за да ја одделите косата.rn
Проверете колку боја ви е потребно
rnИако на пакувањето е напишано дека количината на боја е доволна за да ја обои косата до рамената, вистината е дека таа количина е доволна само за кратка коса. За подолга коса потребни ќе ви бидат 2 пакувања боја.rn
Не е секоја фарба наменета за седа коса
rnСедите влакна најдобро е да ги офарбате со нијанса што е најприближна до вашата природна боја на коса или една нијанса посветла од вашата коса.rn
Прво офарбајте го подраснатиот дел од косата
rnЗа да избегнете несовпаѓање помеѓу корените на косата и краевите, неопходно е прво да ги офарбате корените на косата, а потоа со четка да го поминете остатокот од косата. Кога ќе ја нанесете фарбата, соберете ја косата во пунџа и масирајте ја главата од 1 до 2 минути, за фарбата да го покрие секое влакно со боја, рамномерно.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 6-те бои на коса што ќе бидат модерни во 2020 година.